Tour overview

ХОТЕЛ SREBRNAC 2* – КОПАОНИК
ЗИМА 2026/2027

Копаоник, Србија – Хотелот „Srebrnac“ се наоѓа на патот од Брзеќе кон туристичкиот центар на Копаоник и е прв објект во ски-центарот, на околу 3 km од центарот. Пред самиот хотел има четириседна жичара кон Гобеља и ски-лифт, па од хотелот се скија директно (ски-ин / ски-аут), а за почетниците има и лифт со лиценцирани инструктори.

Хотелот има ресторан со камин, етно-скара, ски-бар со тераса и поглед на Гобеља, игротека за деца и возрасни, ТВ сала, теретана, сауна, спа и велнес зона, ски-сервис и изнајмување опрема, паркинг и бесплатен Wi-Fi. Услугата е полупансион – појадок и вечера на шведска маса.

ЗОШТО „SREBRNAC“?
  • Ски-ин / ски-аут – жичарата кон Гобеља е пред хотелот;
  • Лифт за почетници со лиценцирани инструктори;
  • Деца до 4 год. – бесплатно, а од 4 до 12 год. 30% попуст;
  • Полупансион на шведска маса;
  • Поволни цени – од 44€ по лице на ден.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се за 1 ноќевање на база ПОЛУПАНСИОН (минимум 7 ноќевања)
СОБИ – цена по лице за 1 ноќевање
Тип на сместување 20.12–30.12.2026 30.12.2026–03.01.2027 03.01–17.01.2027 17.01–12.02.2027 12.02–21.02.2027 21.02–01.04.2027
Двокреветна соба (1/2) 51€ 66€ 62€ 57€ 62€ 57€
Трокреветна соба (1/3) 48€ 63€ 60€ 55€ 60€ 55€
Трокреветна соба + 1 легло (3–4 лица) 44€ 61€ 57€ 53€ 57€ 53€
АПАРТМАНИ – цена по апартман за 1 ноќевање
Тип на сместување 20.12–30.12.2026 30.12.2026–03.01.2027 03.01–17.01.2027 17.01–12.02.2027 12.02–21.02.2027 21.02–01.04.2027
Апартман за 4 лица (1/4) 205€ 256€ 239€ 222€ 239€ 222€
Апартман за 5 лица (1/5) 231€ 299€ 282€ 248€ 282€ 248€
Попусти за деца и доплати:
  • Деца до 4 год. – бесплатно;
  • Деца од 4 до 12 год. со двајца родители – 30% попуст;
  • Доплата за еднокреветна соба – 40% од цената на 1/2 соба;
  • За престој пократок од 7 ноќевања, цените се зголемуваат за 20%.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок и вечера (полупансион, шведска маса) – собите по лице, апартманите по апартман;
  • Wi-Fi интернет.
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса – 1€ по возрасен на ден, 0,43€ за деца од 7 до 15 год., се плаќа на рецепција;
  • Ски-пас и изнајмување ски-опрема;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID005

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


ФОТОГРАФИИ