599€
  • 23-ТИ ОКТОМВРИ
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

23.10.2026 – 26.10.2026

Мадрид, Шпанија – Главниот град на Кралството Шпанија, Мадрид, важи за еден од најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура и голем број на културни атракции кои ќе ве остават без здив. Мадрид е историско-културен центар како за Шпанија, така и за голем дел од јужна Европа.

Бидејќи областа е населена од римско време, има многу историски локалитети за истражување и уживање. Голем број од градбите во Мадрид изгледаат како замоци, со што ќе си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка. Дури и градското собрание е восхитувачко, со неоготски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и богат ноќен живот во локалните барови, ресторани и клубови.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:50 часот. Лет за Мадрид во 16:50 часот. Пристигнување во Мадрид во 20:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување.

ВТОР ДЕН: 24.10.2026 (САБОТА) МАДРИД

Појадок. По појадокот организиран факултативен пешачки разглед на Мадрид. Кралскиот град совршено ги спојува традиционалното и модерното. Неговиот шарм е дискретен, но силен, неговата историја богата, но природно вклопена во современиот пулс на секојдневниот живот. Ќе ве освои со неговите широки барокни булевари, импозантни градби, динамични пазари и волшебни паркови.

Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад, главниот плоштад – Plaza Mayor, палатата Palacio Real de Madrid, катедралата, плоштадот Puerta del Sol и други знаменитости. Слободно време за индивидуални активности, шопинг, кафе и ручек. Попладнето можност за посета на паркот El Retiro, Триумфалната капија и фонтаната Cibeles. За љубителите на уметноста можност за посета на музејот Реина Софија, познат по делата на сликарските великани Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова „Герника“. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 25.10.2026 (НЕДЕЛА) МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Ден предвиден за слободни активности во главниот град или факултативна посета на величественото Толедо, некогашна престолнина на Шпанија, град полн со историја и емоции, познат како град на три култури – христијанска, еврејска и арапска.

Заедно со локален водич ќе ги посетиме знаменитостите во Толедо, вклучувајќи ги Plaza de Zocodover и Puente de Alcantara. Во слободното време може да уживате во некој од кафе-баровите и рестораните околу главниот плоштад.

Толедо е и град на познатиот сликар Ел Греко кој тука живеел и работел. Па, неизбежен дел од посетата на овој град се и неговиот музеј, како и тврдината ALCAZAR која се издига над Толедо. Враќање во Мадрид. Слободно време. Можност за посета на музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило и други. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци – Фламенко. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: 26.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) МАДРИД – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме денот да го посветите на кралскиот Мадрид, на уметноста, со можност да се посети музејот Тисен-Борнемица или Кралската палата која со повеќе од 3.400 простории е најголема во Западна Европа. Нејзината внатрешност ја отсликува уметничката и занаетчиската големина на Шпанија низ вековите – ткаенини од свила и дамаст, фрески насликани од Гоја, позлатен мебел и друго.

За љубителите на фудбалот можност за посета на фудбалскиот стадион Santiago Bernabeu, дом на Реал Мадрид. Околу 18:00 часот трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 21:25 часот и слетување во 00:50 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 евра
Плаќање во денарска противвредност
ПРОМО ЦЕНА: 549 евра
  • Авионски превоз на релација Скопје – Мадрид – Скопје со Wizz Air со вклучени аеродромски такси и багаж со димензии до 8 кг / мал багаж 40х30х20 см;
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром во Мадрид;
  • 3 ноќевања со појадок.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Доплата за багаж до 10 кг со димензии 50х40х23 см – информација во агенција;
  • Туристичка такса – 4,13 евра по лице на ден или вкупно 770 денари за 3 ноќи;
  • Факултативен излет – пешачки разглед на Мадрид – информација во агенција;
  • Факултативен излет Толедо – 70 евра со вклучен превоз и водич. Минимум 15 патници;
  • Туристичка такса – 3 евра по лице на ден;
  • Патничко осигурување – 350 денари;
  • Сè она што не е споменато во програмата.
НАПОМЕНИ:
    • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
    • За резервација е задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
    • Целосната доплата на аранжманот е 14 дена пред поаѓање.
    • Усни и телефонски резервации се невалидни.
    • Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
    • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
    • При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, за да може навремено да се организираат истите.
    • Се задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
    • Се задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
    • Патникот има обврска 24 часа пред поаѓање да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
    • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи е обврска на патниците, а при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
    • За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ.

ID036

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


ФОТОГРАФИИ