Tour overview

Аспровалта се наоѓа во Стримонскиот залив. Карактеристична е по долгата песочна плажа, убавото море, многубројните таверни, ресторани и забавни паркови за најмалите. Мирниот одмор и долгите прошетки до Неа Врасна или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе што ја сакаат прошетката со долги разговори. На оддалеченост од 60 км од Солун, Аспровалта е дестинација за фамилијарен опуштен одмор, каде што на само неколку стотици метри имате Lidl и Masoutis.

Новата вила „Леона Лукс“, изградена во 2024 година, се наоѓа на 20 метри од прекрасната песочна плажа во центарот на Аспровалта. Вилата има три студија: 1/3 студио (брачен и единечен кревет, кујна и купатило, приземје), 1/4 студио (два брачни кревета, кујна и купатило, приземје) и 1/5 студио (еден брачен кревет, два кревета на спрат и еден кревет на извлекување од креветите на спрат). Сите студија имаат балкон и ТВ, а климата е вклучена во цената. Wi-Fi интернетот е бесплатен.

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌИ, БЕЗ ПРЕВОЗ.

Термин 1/3 Студио 1/4 Студио 1/5 Студио
16.05.2027 129 € 149 € 169 €
23.05.2027 149 € 169 € 189 €
30.05.2027 169 € 189 € 209 €
06.06.2027 449 € 499 € 519 €
13.06.2027 489 € 529 € 549 €
20.06.2027 ПОПОЛНЕТО ПОПОЛНЕТО 599 €
27.06.2027 589 € 639 € 689 €
04.07.2027 639 € 689 € 749 €
11.07.2027 699 € 769 € 799 €
18.07.2027 699 € 769 € 799 €
25.07.2027 699 € 769 € 799 €
01.08.2027 699 € 769 € 799 €
08.08.2027 699 € 769 € 799 €
15.08.2027 699 € 769 € 799 €
22.08.2027 649 € 689 € 749 €
29.08.2027 619 € 639 € 669 €
05.09.2027 209 € 229 € 249 €
12.09.2027 189 € 209 € 229 €
19.09.2027 169 € 189 € 209 €
ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕД И WI-FI Е БЕСПЛАТНО

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем: 7 ноќевања во студио;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета);
– Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници, изнесува 930 денари (15 €), додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 50 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозното средство, освен прв ред на седишта;
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Патници што користат само превоз без аранжман – 60 € повратен билет.

ID013

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ