Tour overview
Фурка е мало симпатично место на полуостровот Касандра на Халкидики, на околу 100 километри од Солун. Има песочна плажа со кристално чиста вода во зелено-сина боја, поради четинарите во околината. Наместо шеталиште покрај морето, Фурка има голем и убаво уреден плоштад со кафулиња, продавници, ресторани и игротеки за деца, а во местото има и два супермаркети. За поголем шопинг и ноќен живот, Калитеа е на само 10 километри, а во близина се и Ханиоти, Сивири и Неа Скиони. Фурка е одлично одморалиште за мирен летен одмор, без туристички гужви.
Хотелот „Bellagio“ 3* се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна борова шума и зеленило, на западната и помирна страна на Касандра. Тој е добро познат на нашиот пазар по својата богата програма „се вклучено“ и е одличен избор за семеен одмор, со многу содржини за децата. Најблиската плажа е на околу 350-400 метри, пред хотелот Greek Pride Seafront, каде може да се изнајмат лежалки или да се постават свои. Плажата е идеална за семејства со мали деца, поради ситниот песок и постепената длабочина.
Координати на Хотелот;
| 20% ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30.11.2026 15% ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 31.12.2026 10% ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 28.02.2027 |
За запазување на попустот за рана резервација потребна е уплата од 40%,
а остатокот најдоцна 14 дена пред терминот. Попустите не се комбинираат.
| Термин | Ноќевање | 2 возрасни | 2 возрасни + 1 дете | 2 возрасни + 2 деца | 3 возрасни | 3 возрасни + 1 дете |
| 29.05.2027 | 7 | 599 € | 599 € | 769 € | 789 € | 789 € |
| 05.06.2027 | 7 | 659 € | 659 € | 819 € | 829 € | 829 € |
| 12.06.2027 | 7 | 849 € | 849 € | 1039 € | 1059 € | 1059 € |
| 19.06.2027 | 7 | 899 € | 899 € | 1099 € | 1159 € | 1159 € |
| 26.06.2027 | 7 | 969 € | 969 € | 1119 € | 1179 € | 1179 € |
| 03.07.2027 | 7 | 1039 € | 1039 € | 1199 € | 1269 € | 1269 € |
| 10.07.2027 | 7 | 1099 € | 1099 € | 1249 € | 1299 € | 1299 € |
| 17.07.2027 | 7 | 1199 € | 1199 € | 1299 € | 1349 € | 1349 € |
| 24.07.2027 | 7 | 1199 € | 1199 € | 1299 € | 1349 € | 1349 € |
| 31.07.2027 | 7 | 1199 € | 1199 € | 1299 € | 1349 € | 1349 € |
| 07.08.2027 | 7 | 1199 € | 1199 € | 1299 € | 1349 € | 1349 € |
| 14.08.2027 | 7 | 1199 € | 1199 € | 1299 € | 1349 € | 1349 € |
| 21.08.2027 | 7 | 1159 € | 1159 € | 1229 € | 1299 € | 1299 € |
| 28.08.2027 | 7 | 999 € | 999 € | 1149 € | 1199 € | 1199 € |
| 04.09.2027 | 7 | 929 € | 929 € | 1049 € | 1159 € | 1159 € |
| 11.09.2027 | 7 | 659 € | 659 € | 799 € | 799 € | 799 € |
| 18.09.2027 | 7 | 599 € | 599 € | 749 € | 729 € | 729 € |
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА, СЕ ВКЛУЧЕНО, БЕЗ ПРЕВОЗ
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
ПРОГРАМАТА СЕ ВКЛУЧЕНО: ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА НА ШВЕДСКА МАСА, СО ВКЛУЧЕНИ ПИЈАЛОЦИ
БАРОТ ПОКРАЈ БАЗЕНОТ СЛУЖИ БЕСПЛАТНИ ПИЈАЛОЦИ ОД 10 ДО 21 ЧАСОТ; МИНИ БАРОТ РАБОТИ ДО 24 ЧАСОТ
ВО ЦЕНАТА СЕ ВКЛУЧЕНИ КЛИМА УРЕД, ПАРКИНГ, ИНТЕРНЕТ, КРПИ, ТЕЛЕВИЗОР И КОРИСТЕЊЕ НА БАЗЕНОТ
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА СОБАТА ДО 11:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ); РЕЦЕПЦИЈАТА РАБОТИ 24 ЧАСА
Сместување:
Соби 1/2+1 – со можност за дополнителен лежај за второ дете, или второто дете спие во кревет со родител. Хотелот не прима 4 возрасни лица во соба.
Димензии на креветите: единечен 75 x 185 см, француски 200 x 185 см, помошен кревет на отворање 65 x 175 см.
Оброци (шведска маса):
Појадок од 8 до 10 часот: сувомеснати и млечни производи, леб, јајца, салата, мармалад, свежо овошје;
Ручек од 13 до 15 часот: избор од 3 топли јадења на база на месо, салати, леб и солени намази;
Вечера од 19 до 21 часот: избор од 3 топли јадења (2 на база на месо), леб и солени намази.
| НАПОМЕНИ |
– Цените се дадени по соба, за 7 ноќевања „се вклучено“, без превоз;
– Првото и второто дете од 2 до 12 години плаќаат според ценовникот;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот, а за попустот за рана резервација потребна е уплата од 40%;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичката такса од 35 € по соба за 7 ноќи се плаќа на рецепција во хотелот.
| ПРЕВОЗ |
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
- Скопје (Дрводекор) – 50 евра по лице
- Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65 евра по лице
- Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 50 евра по лице
- Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 50 евра по лице
- Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50 евра по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45 евра по лице
- Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 45 евра по лице
- Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 55 евра по лице
- Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55 евра по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55 евра по лице
- Деца од 2-11,99 год – Попуст од 10 евра од редовната цена
- Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
ID059
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |




