Tour overview

Villa Iolkos е лоцирана во самиот центар на Едипсос, на главната улица од градот и во близина на паркот и најпознатите градски содржини. Со оддалеченост од околу 200м од шеталиштето и околу 100 метри од градските термални извори и плажа, овој објект е безмалку идеален за престој во ова познато туристичко летувалиште. Објектот кој е всушност апарт-хотел, освен со големо лоби и рецепција, располага и со повеќе студија за сместување до кои е можна комуникација освен со скали и со лифт. Секоја од единиците е опременa со комфорен мебел и кревети, сопствена кујна, тоалет и балкон, како и ТВ и клима уред. Во објектот е обезбеден и Wi-Fi интернет за основните потреби на неговите гости.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

Објектот кој е назначен како “pet friendly” прима миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот!
Услови кои треба да ги исполнува:
– Големина (мал и среден раст до 8 кг).
– Да спијат во сопствено легло/кревет за кучиња.
– Да не се качуваат на кревети, постелнина, перници и друг мебел.
– Да не прават штета на опремата и мебелот.
– Да не ги вознемируваат останатите гости.
– Да ги изршуваат потребите надвор од објектот.

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
Приземје:
– Студио бр.1 тип 1/2  (еден брачен кревет со ширина 160 cm)

– Студио бр.2 тип 1/2  (еден брачен кревет со ширина 160 cm)

Прв кат:  
– Студио бр.3 тип 1/2+exb SV (еден брачен кревет со ширина 160 и еден единечен 90 cm)
– Студио бр.4 тип 1/1/2+exb (еден брачен кревет со ширина  160 и еден единечен 90 cm)
– Студио бр.5 тип 1/2+ exbch (еден брачен кревет со ширина 160 и еден единечен за дете со ширина 75 cm)
– Студио бр.6 тип 1/2 SV (еден брачен кревет со ширина 160 cm)
 Сите соби се опремени  со кујна која е одвоена од собата, опремена со мини фрижидер сo комора, решо со една рингла, висечки елементи под и над лабаво,со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети).  Прозорите имаат капаци и завеси, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када за стоење со прозор или вентилација.      
Околина: Во околината има фурна, мини маркет и плаж опремена со тушеви и соблекувални, вилата е на сама плажа.
Чистење: студио еднаш за време на престој, промена на постелина еднаш за време на престој.
 Забелешка: Има Wi Fi Internet. На приземјето на вилата има диско.
КООРДИНАТИ-ЛОКАЦИЈА: 38.853857, 23.046241

 

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

ЕВИА

студио/апартмани (7 ноќевања)

наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
термин 25 1 8 15 22 29 6 13 20 27 3 10 17 24 31 7 14 21
ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
 

 

IOLKOS “B” (tv, ac)

Едипсос

STD 1/2 (2 лица) 121 137 151 169 179 190 204 209 225 232 232 232 225 209 197 184 165 142
Специјална понуда 116 130 143 159 168 178 190 195 209 215 215 215 209 195 184 173 155 135
STD 1/2+1 (3 лица) 125 142 158 176 188 200 212 219 235 244 244 244 235 219 205 193 172 148
Специјална понуда 119 135 149 165 176 187 198 204 218 226 226 226 218 204 191 181 162 140
STD 1/3+exb (4 лица) 128 146 162 181 193 205 219 226 244 253 253 253 244 226 212 200 177 151
Специјална понуда 122 138 152 169 181 191 204 210 226 234 234 234 226 210 198 187 166 143
  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превозза минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

ЕВИА

студио/апартмани
(7 ноќевања)

наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
термин 25 1 8 15 22 29 6 13 20 27 3 10 17 24 31 7 14 21
ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
 

 

 

IOLKOS “B” (tv, ac)

Едипсос

STD 1/2 (2 лица) 112 144 172 207 228 249 277 287 319 333 333 333 319 287 263 238 200 154
Специјална понуда 101 130 155 187 206 225 250 259 288 300 300 300 288 259 237 215 180 139
STD 1/2+1 (3 лица) 119 154 186 221 245 270 294 308 340 357 357 357 340 308 280 256 214 165
Специјална понуда 108 139 168 199 221 243 265 278 306 322 322 322 306 278 252 231 193 149
STD 1/3+exb (4 лица) 126 161 193 231 256 280 308 322 357 375 375 375 357 322 294 270 224 172
Специјална понуда 114 145 174 208 231 252 278 290 322 338 338 338 322 290 265 243 202 155

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

НАПОМЕНИ:
  • Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
  • Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
  • Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
  • Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
  • Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. Секоја промена на резервација се наплатува 10€ .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.

Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

 

Цени и услови на плаќање

  • Цените се објавени во Ценовник бр.2, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 09.2024 година, или до објава на нов ценовник.
  • При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
  • Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:

  1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
    • 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
    • 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;

* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето

  1. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
    • 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
    • 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
    • 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
  2. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

 

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).

* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !

Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
  • за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
  • за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
  • за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
  • за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.

За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен)

Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),

преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)

 

ПРЕВОЗ

Цена на повратен автобуски превоз: 65 EUR (45 EUR за дете 02 до 12 год.)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

  • Скопје, во 00:30 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски”)
  • Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
  • Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
  • Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
  • Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:

  • Истиот ден попладне.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

 

ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.

НАШИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ
(Кликнете на сликата подолу, ќе Ве однесе на нашиот профил)

 

НАШИОТ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ

ID 011

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.

 

Download pdf brochure