Tour overview
Хотел „ГОЛДЕН БИЧ“ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк, кој е фантастичен за попладневни прошетки, а ќе имате можност и да уживате во колоритните зајдисонца што Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна борова шума и претставува воздушна бања, која се граничи со синото Егејско Море.
Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + единечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба), 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба). Секоја соба има простран балкон и е опремена со фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сателитска ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче, сопствена плажа и бар на плажа, кој е со доплата.
Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска маса;
Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса
| ПОЛУПАНСИОН | НОЌИ | 1/3 | 1/3 | 1/4 | 1/4 | 1/5 |
| ТЕРМИН | Приземје | Стандард | Студио | Апартман | Апартман | |
| 22.05 | 7 | 255 | 290 | 345 | 365 | 395 |
| 29.05 | 7 | 295 | 340 | 390 | 420 | 450 |
| 05.06 | 7 | 355 | 380 | 445 | 475 | 505 |
| 12.06 | 7 | 390 | 430 | 505 | 535 | 565 |
| 19.06 | 7 | 425 | 465 | 535 | 555 | 590 |
| 26.06 | 7 | 470 | 495 | 560 | 590 | 625 |
| 03.07 | 7 | 495 | 535 | 620 | 645 | 680 |
| 10.07 | 7 | 560 | 595 | 655 | 685 | 725 |
| 17.07 | 7 | 560 | 595 | 655 | 685 | 725 |
| 24.07 | 7 | 560 | 595 | 655 | 685 | 725 |
| 31.07 | 7 | 560 | 595 | 655 | 685 | 725 |
| 07.08 | 7 | 560 | 595 | 655 | 685 | 725 |
| 14.08 | 7 | 560 | 595 | 655 | 685 | 725 |
| 21.08 | 7 | 530 | 570 | 635 | 650 | 680 |
| 28.08 | 7 | 455 | 495 | 530 | 545 | 590 |
| 04.09 | 7 | 410 | 425 | 485 | 505 | 565 |
| 11.09 | 7 | 330 | 350 | 425 | 440 | 500 |
| 18.09 | 7 | 300 | 310 | 360 | 385 | 410 |
| РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ |
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 21 ден пред започнување на аранжманот;
ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА:
Попустот за рана уплата од 10% важи за сите термини, со аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот и целосна доплата до 20.02.2027;
Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата;
| НАПОМЕНА |
- Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7 ноќевања;
- Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на кревети и едно дете што нема да користи кревет, на возраст до максимум 5,99 години;
- Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
- Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО;
- Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
- Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената;
- Второ и трето дете во 1/5 Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќаат по 20% од цената за возрасен;
- Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО;
- Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО;
- Втора, трета, четврта и петта возрасна личност над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
- Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
- Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
- Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
- Сместувањето во собите е по 15:00 по локално време, а напуштањето е до 10:00 по локално време;
- За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
- Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност (1 € = 62 денари);
| ПРЕВОЗ |
Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
- возрасни: 60 € (еден правец 45 €)
- деца од 2 до 12 години: 45 € (еден правец 40 €)
- деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус).
ID044
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

