Tour overview

ХОТЕЛ ICEBERG 4* – БОРОВЕЦ
ЗИМА 2026/2027

Боровец, Бугарија – Хотелот „Iceberg“ се наоѓа во близина на почетната станица на гондолата во Боровец, па стазите ви се на дофат секое утро. Хотелот нуди двокреветни и трокреветни соби, како и апартмани со две спални, што го прави одличен избор и за парови и за поголеми семејства.

„Ајсберг“ е познат по поволните услови за децата: дете до 11.99 години што спие во двокреветна соба со двајца возрасни престојува бесплатно. По скијањето ве чекаат затоплениот внатрешен базен, сауната и фитнесот со Technogym опрема, а вечерта ја поминувате во ресторанот со бугарска и европска кујна, во лоби барот или во Карипскиот бар покрај базенот.

ЗОШТО „ICEBERG“?
  • Дете до 11.99 год. со 2 возрасни во двокреветна соба – бесплатно;
  • Близу до гондолата;
  • Затоплен внатрешен базен, сауна и фитнес – вклучено во цената;
  • Апартмани со 2 спални за до 5 лица;
  • Бонус 5=4 од недела до четврток во цела сезона;
  • Туристичката такса и паркингот се вклучени во цената.
РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ
  • 5% попуст за резервации до 31.10.2026, со 30% уплата до 15.11.2026 – важи за цела сезона, вклучувајќи ги доплатите за вечера и празничните вечери;
  • Бонус 7=6 за пристигнувања 01.12–20.12.2026 и 08.03–11.04.2027 (важи и за доплатата за вечера);
  • Бонус 5=4 за престој од недела до четврток во сите периоди (важи и за доплатата за вечера);
  • Бонусите не се комбинираат со попустот за рана резервација и не важат за државни празници.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање на база НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК (еднокреветната соба е цена по соба)
Тип на сместување 01.12–20.12.2026
08.03–11.04.2027
04.01–28.01.2027
26.02–07.03.2027
21.12–27.12.2026
29.01–25.02.2027
28.12.2026–03.01.2027
Двокреветна соба (2+1 дете) 52€ 58€ 64€ 83€
Трокреветна соба (3 лица) 44€ 48€ 54€ 68€
Апартман со 2 спални (4+1 дете) 47€ 55€ 59€ 74€
Еднокреветна соба 78€ 89€ 98€ 128€
Попусти за деца и дополнително легло:
  • Двокреветна соба: дете до 4.99 год. – бесплатно; дете од 5 до 11.99 год. со 2 возрасни – бесплатно; прво и второ дете од 5 до 11.99 год. со 1 возрасен – 35% попуст;
  • Трокреветна соба: 1 дете од 5 до 11.99 год. со 2 возрасни – 30% попуст; 2 деца со 1 возрасен – првото полна цена, второто 50% попуст;
  • Апартман со 2 спални: 2 возрасни + 2 деца – второто дете 50% попуст; 2 возрасни + 3 деца – второто 50% попуст, третото бесплатно; 3 возрасни + 1 дете – 50% попуст; 3 возрасни + 2 деца – првото 50% попуст, второто бесплатно; 4 возрасни + 1 дете – бесплатно.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок;
  • Користење на базен, фитнес и сауна;
  • Паркинг и сеф на рецепција (според достапност);
  • Интернет;
  • Туристичка такса.
Во цената не е вклучено:
  • Доплата за вечера – 28€ за возрасни, 15€ за деца од 5 до 11.99 год. на ден (деца до 4.99 год. бесплатно);
  • Божиќна вечера на 25.12.2026 – 89€ за возрасни, 50€ за деца од 5 до 11.99 год. (деца до 4.99 год. бесплатно);
  • Новогодишна вечера на 31.12.2026 – 111€ за возрасни, 56€ за деца од 5 до 11.99 год. (деца до 4.99 год. бесплатно);
  • Божиќната и новогодишната вечера се задолжителни за резервации на полупансион;
  • Масажи;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID004

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


Download pdf brochure