Tour overview

Скала Рахони, мирно место на островот Тасос, е познато по својата мирна атмосфера и прекрасна природна околина. Местото е дом на неколку прекрасни плажи, вклучувајќи ја и популарната плажа Рахони, која се одликува со мирни, бистри води и мешавина од песок и камчиња. Оваа плажа е совршена за пливање и сончање, нудејќи релаксирачка атмосфера подалеку од гужвите и бучавата. Самото место го задржува својот традиционален грчки шарм, со тесни улички, локални продавници и таверни кои служат свежи морски плодови и регионални јадења. Опкружена со маслинови градини и бујни ридови, Скала Рахони е одлично место за прошетки во природата и истражување на природната убавина на островот. Областа е идеална за оние кои сакаат да се опуштат и да уживаат во побавно темпо на живот. Без разлика дали се одморате на плажа или уживате во автентичната грчка атмосфера на местото, Скала Рахони нуди совршена мешавина од релаксација и шарм.

„Амарилиа Студиос“ е убава семејна вила која нуди студија за две, три и четири лица на приземје и прв кат. Се наоѓа во местото Скала Рахони,во регионот Тракија на само 150 м од песочната плажа, која има тиркизно, кристална чиста вода, со постепена длабочина и природна сенка. Доаѓајќи од Лименас, од левата страна на главниот пат, ќе видите знак на кој пишува „Amaralia“. Штом свртите, вилата ќе биде од ваша десна страна. Во склоп на вилата има прекрасна градина полна со маслинови дрва, вградена скара, простор со маса и столици за дружба.

Достапен е и паркинг во околината, каде што можете слободно да се паркирате. Вилата е оддалечена 1 км од центарот на Скала Рахони и 8 км од Лименас.

Координати на вила „Амаралија Студиос“.

 15% за резервации до 31.03.2026

на цените во табелата (минимум уплата од 50%)

Термин Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио
05.06.2026 7 полно 259 299
12.06.2026 7 359 389 409
19.06.2026 7 полно полно полно
26.06.2026 7 479 509 539
03.07.2026 7 509 539 полно
10.07.2026 7 599 629 полно
17.07.2026 7 599 629 659
24.07.2026 7 599 полно 659
31.07.2026 7 полно 669 полно
07.08.2026 7 639 669 полно
14.08.2026 7 599 629 659
21.08.2026 7 599 629 659
28.08.2026 7 449 479 509
04.09.2026 7 389 409 429
11.09.2026 7 259 279 299

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена
  • WIFI интернет

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Превоз со траект за возрасен 80€
    • Деца до 12 години со траект 65€
    • Дете до 2 години – бесплатно
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Сите студија имаат целосно опремена кујна, телевизор, клима уред, балкон, бања, фен и WiFi интернет. Чистењето се врши секој ден, додека постелнината и крпите се менуваат на три дена.

Сместувањето нуди студија за двајца, тројца и четворица, на приземје и прв кат:

  • Двокреветните студија имаат два единечни кревети или еден брачен кревет (со два споени душеци), исто така има и софа/фотелја која се пушта и на која може да спие дете до 5,99год.
  • Третиот кревет во трикреветните студија е стандарден кревет.
  • Четирикреветните студија се опремени со два единечни кревети и кревети на кат.
НАПОМЕНИ
  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано,состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минимум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Преземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
  • Патувања резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
  • Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

ID045

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

ФОТОГРАФИИ