Tour overview

Аспровалта се наоѓа во Стримонскиот залив. Карактеристична е по долгата песочна плажа, убавото море, многубројните таверни, ресторани и забавни паркови за најмалите. Мирниот одмор и долгите прошетки до Неа Врасна или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе што ја сакаат прошетката со долги разговори. На оддалеченост од 60 км од Солун, Аспровалта е дестинација за фамилијарен опуштен одмор, каде што на само неколку стотици метри имате Lidl и Masoutis.

Вилата „Леона“ се наоѓа на 70 метри од прекрасната песочна плажа во Аспровалта. Вилата има еден дуплекс апартман, едно двокреветно и едно трокреветно студио. Секое студио е комплетно опремено со кујна, тоалет и балкон, а климата е вклучена во цената.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 05.09; 12.09 и 19.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.

Термин 1/2 Студио 1/3 Студио 1/3+1/3 Дуплекс
16.05.2027* 99 € 99 € 4 х 99 €
23.05.2027* 129 € 129 € 4 х 119 €
30.05.2027* 139 € 139 € 4 х 129 €
06.06.2027 409 € 439 € 589 €
13.06.2027 429 € 469 € 629 €
20.06.2027 459 € 499 € 769 €
27.06.2027 489 € 519 € 799 €
04.07.2027 509 € 629 € 859 €
11.07.2027 529 € 629 € 919 €
18.07.2027 529 € 629 € 919 €
25.07.2027 529 € 629 € 919 €
01.08.2027 529 € 629 € 919 €
08.08.2027 529 € 629 € 919 €
15.08.2027 529 € 629 € 919 €
22.08.2027 529 € 629 € 859 €
29.08.2027 489 € 519 € 799 €
05.09.2027* 179 € 199 € 4 х 179 €
12.09.2027* 159 € 169 € 4 х 159 €
19.09.2027* 149 € 159 € 4 х 149 €

За пакет аранжманот во студио 1/2 потребни се минимум 2 лица. Во студио 1/3 плаќаат 3 полни суми ако се три лица, а ако се две лица, плаќаат доплата 60 €. Во дуплекс апартманот плаќаат 4 лица, а петтото и шестото лице доплаќаат по 60 €.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕД И WI-FI Е БЕСПЛАТНО

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или апартман и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или апартман;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– За пакет аранжманот во СТУДИО 1/2 потребни се минимум 2 лица;
– За пакет аранжманот во СТУДИО 1/3 плаќаат 3 полни суми ако се три лица, а ако се две лица, плаќаат доплата 60 €;
– Во дуплекс апартманот плаќаат 4 лица (пакет аранжман), а петтото и шестото лице доплаќаат по 60 €;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета);
– Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници, изнесува 930 денари (15 €), додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 50 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозното средство, освен прв ред на седишта;
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Патници што користат само превоз без аранжман – 60 € повратен билет.

ID013

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ