Tour overview

Датуми Studio 1/3 Apartman 1/4
24.05.2025 – 31.05.2025 99 € 139 €
31.05.2025 – 07.06.2025 129 € 169 €
07.06.2025 – 14.06.2025 169 € 219 €
14.06.2025 – 21.06.2025 249 € 289 €
21.06.2025 – 28.06.2025 329 € 369 €
28.06.2025 – 05.07.2025 389 € 429 €
05.07.2025 – 12.07.2025 449 € 499 €
12.07.2025 – 19.07.2025 489 € 529 €
19.07.2025 – 26.07.2025 559 € 599 €
26.07.2025 – 02.08.2025 559 € 599 €
02.08.2025 – 09.08.2025 559 € 599 €
09.08.2025 – 16.08.2025 559 € 599 €
16.08.2025 – 23.08.2025 559 € 599 €
23.08.2025 – 30.08.2025 489 € 529 €
30.08.2025 – 06.09.2025 379 € 419 €
06.09.2025 – 13.09.2025 299 € 339 €
13.09.2025 – 20.09.2025 229 € 269 €
20.09.2025 – 27.09.2025 159 € 199 €
ОПИС НА АРАНЖМАН

Можност за доплата за појадок и вечера во хотелот по цена од 140 Є по лице за 7 дена
Дете 0-5,99 – бесплатно
Дете над 6 години плаќа полна сума ( како возрасен 140 Є по лице за 7 дена )

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење клима уред
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Појадок и вечера 140Є по лице за 7 дена
Туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Цените се за наем на студио за 8 дена 7 ноќевања
Цените се во € за плаќање во денари, 1€ = 62 мкд
Првите два и последните два термина се промо цени и на нив нема попуст.

Хотелот се наоѓа во Фурка, на околу 200 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион, има сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Центарот на градот е на околу 900 метри од хотелот и од ресторани, кафулиња, продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување се дозволени домашни миленици на барање, со доплата. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите.

СМЕСТУВАЊЕ

Во понуда се два вида сместувачки единици на приземје, на прв или втор кат.
Хотелот има 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет, балкун,
Сместување:
Во студио: три возрасни и дете до 11,99 ( брачен и единечен кревет )
Во апартман: четири лица, две спални, една со брачен, другата со два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.

ПРЕВОЗ

Автобуски превоз – лена по лице

 град час возрасен дете 2-12
 Скопје 04;00 50 40
 Велес 04;30 50 40
 Штип 03;40 65 55
 Неготино 05;00 50 40
 ГП Богородица 06;00 50 40
 Битола 04;00 45 35
 Прилеп 03;15 45 35
 Струга 02;15 55 45
 Охрид 02;30 55 45
 Ресен 03;15 55 45

Цени во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари

Деца до 2 г. Бесплатно – не користи седиште

Место на поаѓање:
Скопје – Дрводекор
Штип – Паркинг пред Пошта
Велес – БП Макпетрол-кружен тек
Неготино – БП Неготино
ГП Богородица – БП Шимов
Битола – Автобуска Транскоп
Прилеп – БП Салида
Струга – Хотел Дрим
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола
Ресен – Автобуска станица

Време за поаѓање од Грција

грчко македонско место
13;15 13;45 Фурка
14;00 14;15 Сивири
ИНФОРМАЦИИ

Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна.

Важат општите услови на БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Валидноста на патните документи и патничко-здравствено осигрување се обврска на патникот. Категоријата на објектите/хотелите е според законите на државата на која се однесува резервацијата. Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем. Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки. Минималниот број на лица се определува според бројот на легла во сместувачката единица. Бројот на лица за сместување во собите треба да е ист како е во ваучерот или списокот на организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. Цените и достапните понуди се валидни во овој момент Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 15;00 часот, Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро. Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект. Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Ако проблемот не биде решен, треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите. Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер. Важи за Грција: Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди. Грчкиот стандард за единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см x 180-190см

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.