Tour overview

На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров – рајот на Халкидики – островот Амулијани. Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители, прекразна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади, повелете да уживате. Ценатарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро, кафетерии, продавници -супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите-рент а кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулијани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи, но незаборавајте да ги посетите и плажиите: Мегали амос, Св. Ѓорги, Вавос, Елефант бич – источна страна, на запаната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес бич, и уште неколку други Божествени убавини.

Вилата „ЏОРЏ и МАРИОС“ лоцирана е во центарот на градот Амулијани. Убаво опремена вила. Секоја соба има мини кујна опремена со кујнски инвентар, кафе мат, мал фрижидер со комора и плотна со 1 рингла. Секоја соба има стандардно купатило и WC. Секоја соба има клима уред и ТВ и тераса со маса и столици. Вилата има и безжичен интернет, во непосредна близина има паркинг јавен, кој функционира на принципот прво слободно место.

Координати на Вилата;

7% ПОПУСТ ЗА НАЕМ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО УПЛАТА ОД 70% ДО 20.11.2026

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз.

Цените во табелата се редовни, без попустот од 7%.

Термин 1/4 Студио
28.05.2027 179 €
04.06.2027 279 €
11.06.2027 399 €
18.06.2027 449 €
25.06.2027 479 €
02.07.2027 569 €
09.07.2027 589 €
16.07.2027 639 €
23.07.2027 639 €
30.07.2027 639 €
06.08.2027 639 €
13.08.2027 639 €
20.08.2027 599 €
27.08.2027 499 €
03.09.2027 439 €
10.09.2027 249 €
17.09.2027 179 €

Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
СТУДИЈАТА: Имаат крпи; Имаат тоалетна хартија и сапун

Сместувачки капацитети:
Прв кат:
Студио бр. 2 1/4 (4 лица) – Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица и два поединечни кревети кои се комотни за спиење на 2 лица. Во студиото може да престојуваат 4 лица. Има плакар за алишта. Кујната е опремена со аспиратор, плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и кујнски инвентар. Има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
Студио бр. 3 1/4 (4 лица) – Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица и два поединечни кревети кои се комотни за спиење на 2 лица. Во студиото може да престојуваат 4 лица. Има плакар за алишта. Кујната е опремена со аспиратор, плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и кујнски инвентар. Има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на тераса со маса и столици.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Наем на студио за 7 ноќевања;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– 7% попуст за наем при уплата на 70% од вредноста на аранжманот до 20.11.2026;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
  • 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
  • Бродска карта (се плаќа на лице место во бродот): 10 € за возрасни – повратна карта;
  • Бродска карта (се плаќа на лице место во бродот): 7 € за дете од 2 до 12 години – повратна карта;
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:00 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз. Мак. Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ