Tour overview

Паралија Дионисиу е туристичко село кое се простира на околу 3 км широка песочна плажа. Плажата е за сопствена опрема за плажа, но има и барови, каде што можете со платен пијалок да ги користите нивните лежалки и чадори бесплатно. Местото има многу таверни и кафетерии покрај плажата и околу централниот плоштад, кои нудат традиционална грчка кујна, свежа риба и морски плодови. Многу таверни имаат игралишта за деца со цел на младите посетители да не им здосади и да ги остават родителите да се одморат и да уживаат во грчката кујна и на плажа. На централниот плоштад е популарна кафетерија, која нуди традиционална грчка пита наречена Бугатса со слатка павлака или сирење. Во вечерните часови ова кафетерија нуди традиционални грчки слатки наречени Локумадес.

Паралија Дионисиу се наоѓа на 48 километри од Солун, каде што е меѓународниот аеродром „Македонија“ и на само 3 километри од градот Неа Мудања. Селото има многу погодна географска локација – се наоѓа пред крстосницата до 3-те полуострови на Халкидики (Касандра, Ситонија, Атос), и е точно во центарот на Халкидики. Тоа им овозможува на гостите да патуваат низ Халкидики, низ сите три полуострови избегнувајќи ги долгите растојанија. Блискоста на Паралија Дионисиу до градот Неа Мудања, со население од 17 000 жители (3 км) има и предности: можност брзо да стигнете до него со автомобил, такси или пеш (околу 40 минути. покрај плажата) до продавниците, супермаркетите, забавата, дискотеките и ноќните клубови.

На централниот плоштад има игралиште за деца и мини-парк, кој започнува со работа попладне по грчката сиеста. Секоја вечер во центарот на Паралија Дионисиу работи отворен пазар каде што може да се купи овошје, зеленчук, маслинки, маслиново масло, мед и други локални производи. Наутро свежа риба и овошје продаваат мештаните кои возат со своите автомобили низ селото. Во селото има 2 супермаркети, месарница, пекари, кондиторски производи, аптека и киосци. Паралија Дионисиу е прекрасно катче, типично грчко село, каде што можете да се одморите од градската врева и да уживате во сонцето, чистото Егејско Море и грчката храна.

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во апартман Портариа

-Користење на клима

Што не е вклучено во цената

-Доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ од апартман (Се плаќа во агенција)
-Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40 eур / 35 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

СМЕСТУВАЊЕ

Апартман Портарија 2

Апартман Портарија 02 – за 4 лица во Портарија Дионисиу, на 200м од плажа.

Има една спална соба, дневна соба поврзана со кујна, купатило и тераса со двор. Во собата има брачен кревет. Во дневната кревет на извлекување. Опремена кујна со прибор за подготовка на лесна храна. Можност за уште еден дополнителен кревет.

Апартман Портарија 1

Апартманот ПОРТАРИА  1 е наменет да престојуваат од 5-6 лица.Се наоѓа помеѓу Дионисиус и Неа Модања.

Се наоѓа на приземје и е на 200м. од плажа.Структурата на апартманот се содржи од две спални соби,дневна со кујна,бања и преубава тераса со дворче.

Во едната соба има брачен кревет,а во другата има два единечни стандардни кревети.Во дневната соба има два кревета кои се на развлекување со димензија 1,2*2м.

Кујната е комплетно опремена за спремање и сервирање на лесни јадења.

Датуми Апартман 1/4 Апартман 1/5+1
17.05.2025 – 24.05.2025 204 € полно
24.05.2025 – 31.05.2025 225 € полно
31.05.2025 – 07.06.2025 246 € полно
07.06.2025 – 14.06.2025 полно полно
14.06.2025 – 21.06.2025 полно полно
21.06.2025 – 28.06.2025 полно полно
28.06.2025 – 05.07.2025 полно полно
05.07.2025 – 12.07.2025 428 € 513 €
12.07.2025 – 19.07.2025 482 € 565 €
19.07.2025 – 26.07.2025 полно полно
26.07.2025 – 02.08.2025 полно полно
02.08.2025 – 09.08.2025 полно полно
09.08.2025 – 16.08.2025 503 € полно
16.08.2025 – 23.08.2025 482 € полно
23.08.2025 – 30.08.2025 428 € полно
30.08.2025 – 06.09.2025 364 € полно
06.09.2025 – 13.09.2025 311 € полно
13.09.2025 – 20.09.2025 257 € полно
20.09.2025 – 27.09.2025 214 € полно
ВАЖНО

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 2 еур по апартман на ден и се плаќа во агенција.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Балкан Експрес Травел

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.