Tour overview
Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Во вилата се дозволени миленици.
Вила „Тулис“ (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, игралиште за кошарка и приватна теретана. Одличен избор за семејства. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.
Координати на вилата „Тулис“.
| 15% попуст за резервации до 31.03.2026 на цените во табелата (минимум уплата од 50%) |
| Период | Ноќевања | 1/2+1 | 1/3+1 | 1/4app | 1/5duplex |
| 23.05.2026* | 7 | 131* | 131* | 131* | 131* |
| 30.05.2026* | 7 | полно | 155* | 155* | 155* |
| 06.06.2026* | 7 | полно | 179* | 179* | 179* |
| 13.06.2026* | 7 | полно | 209* | 209* | 209* |
| 20.06.2026* | 7 | 239* | 239* | 239* | 239* |
| 27.06.2026* | 7 | 549* | 589* | 589* | 630* |
| 04.07.2026 | 7 | 589 | 629 | 629 | 749 |
| 11.07.2026 | 7 | 619 | 649 | 649 | 749 |
| 18.07.2026 | 7 | 669 | 699 | 699 | 749 |
| 25.07.2026 | 7 | 669 | 699 | 699 | 749 |
| 01.08.2026 | 7 | 669 | 699 | 699 | 749 |
| 08.08.2026 | 7 | 669 | 699 | 699 | 749 |
| 15.08.2026 | 7 | 619 | 649 | 649 | 690 |
| 22.08.2026 | 7 | 589 | 629 | 629 | 669 |
| 29.08.2026* | 7 | 239* | 239* | 239* | 239* |
| 05.09.2026* | 7 | 191* | 191* | 191* | 191* |
| 12.09.2026* | 7 | 167* | 167* | 167* | 167* |
| 19.09.2026* | 7 | 131* | 131* | 131* | 131* |
| 26.09.2026* | 7 | 119* | 119 | 119* | 119* |
Цените означени со ѕвездички се по лице со вклучен превоз
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/ 2 АПП, ТРИ ЛИЦА ВО 1/3 +1, 1/ 4 И 1/5 АПП И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
- Wi fi интернет
- Приватен паркинг
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
- Здравствено и патничко осигурување
- Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
- Превоз- за возрасен 50 еур / 40 еур во еден правец ;
- Деца од 2-11.99г. 40eур / 35 еур во еден правец; деца до 2год. -Бесплатно
| ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО |
Располага со 11 апартмани поделени во две згради.
Во зграда број 1 се наоѓаат:
Апп бр. 8 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и брачен кревет. Лево е тоалетот. Спалната е со брачен кревет, вграден плакар, шминкерница. Оваа соба гледа према двор.
Апп бр.9 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје, одма до апартман бр. 8. Апартманот има соба со брачен кревет, плакар и фрижидер (голем). Десно е тоалетот со стандардна големина. Во кујната која е комплетно опремена има брачен кревет, масичка за ручање, плотна со две грејни тела, електрично ѓезве за кафе,тв и клима. Спалната и кујната се одделени со врата. Апартманот е ист како апартман број 8.
Дуплекс апп бр.10 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, плотна и маса за ручање. Лево се наоѓа тоалетот, а десно има соба со брачен кревет и еден единечен кревет, плакар и тв. Другата соба има брачен кревет и климата. Собата гледа према двор.
Апп бр. 12 (ЗА 3 ЛИЦА)- се наоѓа на неколку скали над приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо и маса за ручање. Лево е тоалетот, а право соба со брачен кревет и еден единечен каде има тв и клима. Оваа соба гледа према паркингот.
Апп бр.13 (ЗА 3 ЛИЦА) – се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и софа за спиење во кујна (препорачуваме на софата да спие дете). Тоалетот е десно, а право се наоѓа спалната соба со брачен кревет, шминкерница, тв и клима. Оваа соба има поглед према паркинг и има посебен влез позади.
Во зграда број 2 се наоѓаат:
Дуплекс апп бр.1 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на високо приземје(меѓу кат). Веднаш лево е едната спална соба со брачен кревет, голем плакар, шминкерница и овде е климата. Другата спална соба има брачен кревет и еден единечен кревет, со балкон кој е заеднички со кујната, овде има телевизор. Право е тоалетот, а од десна страна пространа кујна опремена со сите елементи, голем фрижидер и масичка за ручање со тераса со мал поглед на море.
Апп бр.2 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Има спална соба со еден брачен кревет и еден единечен кревет, со вграден плакар. Комплетно опремена кујна со софа на спуштање. Балконот е со поглед на двор.
Апп бр.3 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на прв кат, за оваа соба има посебен влез и има 9 скали за до првиот кат. Голема кујна со единечен кревет, со плотна и голем фрижидер. Право е тоалетот. Има спална со брачен кревет и софа. Климата и тв се во спалната. Има две тераси, една со поглед кон градина и еден со поглед кон двор.
Дуплекс апп бр.4 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Едната спална е со брачен кревет, другата е со брачен кревет и еден единечен, а плакарот е во ходникот. Апартманот има целосно опремена кујна и голем фрижидер. Оваа соба има тераса во ге и има поглед према море.
Апп бр.5 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на втори кат. Десно има соба со брачен и еден единечен кревет, со тв и клима. Апартманот има комплетно опремена кујната со софа, плотна и голем фрижидер. Лево е тоалетот. Тераса со поглед на двор. Препорачуваме двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.
Апп бр.6 (ЗА 4 ЛИЦА) – е апартман на втор кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет и единечен кревет и посебна кујна каде што има софа на пуштање и единечен кревет. Препорачуваме двајца возрасни и две деца.
| НАПОМЕНИ |
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62,00 денари).
- Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
- Патникот е должен минимум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ може да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземањето на собите е по 14 часот – локално време, а напуштањето е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
- Патувања, кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100% од уплатената сума.
- Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10 € (евра), по пријава-договор
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
ID045
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

