189€
  • НОВА ГОДИНА 2027
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

Евија со Атина – Нова Година 2027 – Дочекајте ја Новата 2027 година со патување што ги спојува морскиот амбиент на Евија и празничниот дух на Атина. Уживајте во опуштената атмосфера на Лутра Едипсос, прошетките покрај море и вкусовите на грчката кујна. Атина го надополнува патувањето со богата историја, живи улици и празнично расположение. Започнете ја годината со одмор, нови доживувања и многу убави спомени!

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
ВТОР ДЕН: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) ЕДИПСОС – АТИНА – ЕДИПСОС – ДОЧЕК НА НОВАТА 2027 ГОДИНА

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Атина (40 €), лулката на демократијата и главен град на Грција. Рано наутро поаѓање кон Атина, со траект од Едипсос до Аркица. Пристигнување во Атина претпладне и средба со локалниот водич, со кој следува панорамски разглед на градот со автобус: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, евзоните, Олимпискиот стадион, Храмот на Зевс, Хадријановата порта, Акропол… Панорамскиот разглед завршува кај Акропол, со можност за индивидуална посета на Акропол со доплата на лице место. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ Атина. Враќање кон Едипсос преку мостот кај Халкида, главниот град на островот, со автобус по должината на островот. Пристигнување во хотелот. Вечерта организирана свечена новогодишна вечера со музика. СРЕЌНА НОВА 2027! Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 01.01.2027 (ПЕТОК) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС

Доцен појадок. По одморот и појадокот на првиот ден од Новата година, факултативна посета на Прокопи (15 €), место познато по манастирот посветен на Свети Јован Руски. Се верува дека моштите на светецот, положени тука, се чудотворни и лековити, поради што манастирот секоја година привлекува голем број верници. Покрај црквата има убави кафулиња и продавници со традиционални локални сувенири. Во попладневните часови враќање во Лутра Едипсос, со можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода што се влева во морето, за незаборавен почеток на Новата 2027. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 02.01.2027 (САБОТА) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило (до 10-11 часот). Во договорено време со водичот на групата заминување кон Агиос Кампос, качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 189 евра (резервација и уплата до 30.11.2026)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • Бродски превоз (траект) на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;
  • 3 ноќевања во хотелот Ореи 3*, во центарот на Лутра Едипсос;
  • Исхрана на база полупансион (појадок на шведска маса и сервирана вечера);
  • Свечена новогодишна вечера со DJ на 31.12.2026 (наместо класична вечера);
  • Комплетна организација и реализација на патувањето со туристички придружник;
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Туристичка такса – 6 € по соба за целиот престој (се плаќа на лице место);
  • Факултативна посета на Атина со локален водич – 40 € (се плаќа на лице место);
  • Влезница за Акропол (се плаќа на лице место);
  • Факултативна посета на Прокопи – 15 € (се плаќа на лице место);
  • Индивидуални неспоменати трошоци;
НАПОМЕНИ:

За реализација на факултативните излети потребни се минимум 30 патници; во спротивно организаторот може да ја промени цената на факултативата или да ја откаже.

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници;
  • Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
  • Цените се дадени по лице, за сместување со најмалку 2 лица во соба;
  • За патувањето е потребен важечки биометриски пасош, со најмалку 3 месеци до истекот на важноста;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID080

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ