Tour overview

Вилата „Penelopa“ се наоѓа во срцето на Лутра Едипсос, на само 150 метри од плажата и познатите термални минерални извори. Овој модерен објект нуди пријатна атмосфера, елегантно уредени студија и одлична локација – идеална за семеен одмор и одмор во пар.

Сместена во центарот на Лутра Едипсос, вилата се наоѓа на само неколку минути пешачење од „Treis Moloi Beach“ и „Edipsos Thermal Springs“. Во близина се достапни таверни, маркети, пекари и кафулиња. Аеродромот „Nea Anchialos“ е оддалечен околу 67 км.

Вилата располага со 19 модерно опремени студија, елегантно уредени и со современ мебел. Секоја соба располага со: приватен тоалет со туш, комплетно опремена кујна со мини фрижидер, клима-уред (доплата на лице место), телевизор, Wi-Fi интернет (бесплатно), тераса со маса и столици.

Во вилата на гостите им се достапни рецепција, лифт, како и пријатна атмосфера со семејна услуга.

Објектот располага со сончева тераса и градина со зеленило, а во непосредна близина има бесплатен јавен паркинг.

Сместувањето е чисто и редовно одржувано, а персоналот е љубезен и секогаш достапен за помош. Пешкирите и постелнината се менуваат на секои 7 дена.

Координати на вилата „Penelopa“.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
ТЕРМИН НОЌЕВАЊА СТУДИО 1/2 SV +автобус и траект
(цена по лице)
СТУДИО 1/3 SV +автобус и траект

(цена по лице)

ДУПЛЕКС 2/2+1+автобус и траект

(цена по лице)

16.05.2026 7 129 145 83
23.05.2026 7 139 159 93
30.05.2026 7 145 169 99
06.06.2026 7 153 179 107
13.06.2026 7 177 216 129
20.06.2026 7 174 216 129
27.06.2026  7 185 226 135
04.07.2026  7 193 237 139
11.07.2026  7 201 248 149
18.07.2026  7 209 259 155
25.07.2026  7 209 259 155
01.08.2026  7 209 259 155
08.08.2026  7 209 259 155
15.08.2026  7 201 248 149
22.08.2026  7 193 237 149
29.08.2026  7 185 226 139
05.09.2026  7 185 226 129
12.09.2026  7 169 199 129
19.09.2026  7 145 169 99
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Цените од табелата се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.
1. ДЕН | ПОАЃАЊЕ

Состанок на групата еден ден порано во 22:30 часот на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски“. Поаѓање кон Грција во 23:00 часот. Патувањето продолжува преку Лариса и Глифа, каде се качуваме на траект за островот Евија. По околу 30 минути пристигнуваме во пристаништето Агиос Кампос, на само 17 км од познатото бањско место Лутра Едипсос. Пристигнување во утринските часови, сместување во хотел и одмор.

2. 3. 4. 5. 6. и 7.  ДЕН | ЕДИПСОС

Одмор и рекреација. Уживање во морето, сонцето и термалните води на Едипсос. Препорачуваме прошетки по шеталиштето, посета на таверни со традиционална грчка кујна и релаксација во природните извори покрај морето.

Во текот на престојот, патниците имаат можност да изберат и учествуваат во некој од следните факултативни излети:

  • Посета на Атина – целодневна екскурзија со водич. Разглед на Акропол, Партенон, плоштадот Синтагма, смената на стражата и шопинг во квартот Плака;
  • Посета на островот Скијатос – автентично морско искуство со брод и капење на познатата плажа Koukounaries, една од најубавите во Грција;
  • Посета на грчките Сејшели – Лихадонисја – излет со бродче до волшебните вулкански островчиња со тиркизна вода и песочни плажи, идеални за капење и релаксација.
8. ДЕН | 

Напуштање на собите во 08:00 часот. Поаѓање кон Скопје со кратки попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
  • Автобуски превоз Скопје-Едипсос-Скопје;
  • Сместување во студио 7 ноќи;
  • Траект повратна карта Глифа-Агиос Камос-Глифа;
  • Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
  • Туристичка такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот).
НАПОМЕНИ: 
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитетите да ги објави и продаде слободните капацитети по „last minute“ цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување;
  • Кујните во сите студиjа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења;
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори;
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот;
  • Превоз од  Скопје/ Велес/ Неготино/ Смоквице / Гевгелија;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување;
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж;
  • Попустите за ран букинг НЕ се комбинираат со други попусти;
  • За овој аранжман важат Општите услови на патување и правните напомени на Балкан експрес травел.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год.;
  • Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

ID 025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ