Tour overview

Вила „Елса“ се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори на 50 m од плажа, позади хотел Олимпик Бич кој е на сама плажа. Вилата е со одличен квалитет на сместување и голем комфорт на студијата, купатилата и балконите. Сите студија се четворокреветни (две дупли легла) и се наоѓаат на приземје, први и втори кат. Секое студио е опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер, тоалет, TV, гардеробер, просторни тераси со тенда за сонце со масичка и столчиња со поглед кон улица (некои студија и со поглед кон море). Wi-Fi интернет – бесплатен, клима со доплата 7€ од ден на лице место. Вилата поседува лифт за гостите. Наспроти вилата има супермаркет. Сите студија се со одличен квалитет и доста просторни. Обезбеден простор за багаж на денот на сместување/заминување на гостите. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Ви поасакуваме пријатен престој.

Координати на вилата „Elsa“.

Термин Ноќевања Студио 1/4 
20.5.2026* 7* 135
27.5.2026* 7* 155
3.6.2026* 7* 175
10.6.2026* 7* 215
17.6.2026* 7* 255
24.6.2026* 7* 295
1.7.2026 7 555
8.7.2026 7 605
15.7.2026 7 665
22.7.2026 7 665
29.7.2026 7 665
5.8.2026 7 665
12.8.2026 7 665
19.8.2026 7 605
26.8.2026 7 555
2.9.2026* 7* 295
9.9.2026* 7* 265
16.9.2026* 7*

215

23.9.2026* 7* 155

 

НАПОМЕНИ: 
  • Цените СО * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените БЕЗ * за 7 ноќи/8 дена се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 2 години – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 09:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • Превоз од: Штип/ Куманово/ Скопје/ Велес/ Неготино/ Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
  • Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
  • Доплата за клима – 7€ од ден (се плаќа на лице место);
  • Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
 Автобуски превоз – време и место на поаѓање: 
Автобуски превоз ПАРАЛИЈА, според термини од табелата  Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Паралија (275km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат) 04:15h  Скопје – Солун – Катерини – Паралија

 Автопат (Е75)

 

 Трошоци во еден правец:
 Патaрини во Македонија (430ден)
 Патарини во Грција (7.10€)

 Скопје:  (пред хотел Континентал) 05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта) 05:00h
 Велес:  (бензинска, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол) 06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта/ Богородица) 07:00h
 Поаѓање од Паралија:                        15:00 по МК време / 16:00 по ГР време (пред вилата)

                 ID009

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

Download pdf brochure