Tour overview

ВИЛАТА “ELENA“СЕ НАОЃА ВО ЛЕПТОКАРИЈА НА САМАТА ПЛАЖА (ПРВ РЕД). РАСПОЛАГА СО ТРОКРЕВЕТНИ СТУДИЈА НА ПРИЗЕМЈЕ И ПРВИ  КАТ,СИТЕ ОПРЕМЕНИ СО КУЈНИ,КУПАТИЛО СО ВЦ,ТВ,КЛИМА УРЕД(СЕ ДОПЛАЌА 7€ ОД ДЕН ДОКОЛКУ СЕ КОРИСТИ), БАЛКОНИ СО ДИРЕКТЕН И СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД НА МОРЕ И ЕДНО СТУДИО СО ПОГЛЕД НА ДВОР. СИТЕ СОБИ СЕ РЕНОВИРАНИ СО НОВИ КУПАТИЛА И КУЈНИ И ДУШЕЦИ.
Лептокарија е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија. На оддалеченост 80 км. Јужно од Солун во подножјето на планината Олимп со долга и пространа песочна плажа е лоцирана туристичката дестинација наменета за секоја популација без ограничување.Најчести посетители се фамилијарни туристи, но без исклучок во рестораните,плажите  среќаваме туристи од секаква генерација.Медитеранската клима задскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини.Многу кафетерии,слаткарници ,детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05; 24.05; 31.05; 07.06;06.09, 13.09 и 20.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН   ЗА 7 НОЌИ

ДОКОЛКУ СЕ КОРИСТИ  КЛИМА УРЕДОТ СЕ ДОПЛАЌА 7€ ОД ДЕН ОД СОБА, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

12% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.11.2024!

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !

7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 30% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !

ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 16.11.2024 !

 

ЛОКАЦИЈА / КООРДИНАТИ:  40.058599, 22.568952

ЕЛЕНА ЛЕПТОКАРИЈА
ТЕРМИН НАЕМ Студио 1/3 поглед двор
заедничка тераса
бр. 11
Студио 1/3
Поглед море
бр.  8, 9, 10
Апартман 1/4
Поглед море
бр. 7
17.05.2024* 7 ноќи 69  79 99
24.05.2024* 7 ноќи 79 89 109
31.05.2024* 7 ноќи 89 99 119
07.06.2024* 7 ноќи 109 119 129
14.06.2024 7 ноќи 219 249 269
21.06.2024 7 ноќи 239 259 289
28.06.2024 7 ноќи 249 269 299
05.07.2024 7 ноќи 269 289 319
12.07.2024 7 ноќи 279 299 339
19.07.2024 7 ноќи 299 329 349
26.07.2024 7 ноќи 299 329 349
02.08.2024 7 ноќи 299 329 349
09.08.2024 7 ноќи 299 329 349
16.08.2024 7 ноќи 299 329 349
23.08.2024 7 ноќи 259 289 309
30.08.2024 7 ноќи 209 239 279
06.09.2024* 7 ноќи 99 119 129
13.09.2024* 7 ноќи 89 109 119
20.09.2024* 7 ноќи 79 89 109
НАПОМЕНИ
  • За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
    -трето,четврто лице се сместуваат
    бесплатно, доплаќаат само превоз
    доколку користат
    50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
    – дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
    – за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива
    10€ по лице
  • НАПОМЕНИ:
    – Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
    – Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
    – Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
    – За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
    – Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
    – За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
    – Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
    – Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
    – Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
    – Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
    – Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
    – Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
    – Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
    – Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
  • СТУДИЈАТА И АПАРТМАНОТ : ИМААТ КРПИ , САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА

 

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ
    • ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
    • 50 € за возрасни – повратна карта
    • 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
    • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
      10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
      20 € за прв ред на седиште
    • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ОПИС НА ВИЛА:

ОПИС НА СОБИТЕ

АПАРТМАН бр.7 (1/4) – 4 ЛИЦА – 1 КАТ
Апартманот располага со еден дупол кревет и два поединечни кревети на спрат,плакар за алишта.Во другата соба е кујната комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две рингли ,мал фрижидер, маса и столици за ручавање. Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.Апартманот е опремен со клима уред, тв и купатило со вц.
СТУДИЈА НА 1 КАТ бр. 8,9,10 (1/3) – 3 ЛИЦА
Студијата располагаат со еден дупол кревет и еден поединечен кревет,плакар за алишта.Во склоп на собата е кујната – комплетно опремена  со кујнски инвентар,решо со две рингли,мал фрижидер.Студијата излегуваат на двор и имаат поглед кон дворот.Студијата се опремени со клима уред,тв и купатило со вц.
СТУДИО бр.11 (1/3) – 3 ЛИЦА
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет,плакар за алишта.Во склоп на собата е кујната-комплетно опремена со кујнски инвентар,решо со две рингли ,мал фрижидер. Студиото излегува на заедничка тераса.Студиото е опремено со клима уред, тв и купатило со вц.
 МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ:
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ТРГНУВАЊЕ ОД:
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија 04:30 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Битола Спортска Сала 03:15 часот наутро
Прилеп Бензинска Лук Оил на влезот 04:00 часот наутро

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure