Tour overview

Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти, идеална за фамилии со мали деца, каде спокојот несомнено ќе го најдете овде. Од плажа е оддалечена на само 100 метри, а од центарот – плоштадчето на Ханиоти е на само 600 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија. Истата е изградена во два блока: А блок и Б блок. Апартманите со кои располагаме се наоѓаат во А блок на први и втори кат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима, а дел имаат поглед на море и градина од балкон. Студијата се наоѓаат во Б блок распоредени на приземје, први и втори кат и се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима, балкон. Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите во зависност од препораките за заштита од пожари од страна на локалните власти.

Координати на Вилата;

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 29.08; 05.09; 12.09 и 19.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.

Цените за пакет аранжманите (означени со *) се со веќе вкалкулиран попуст.

Термин 1/4 Студио 1/4 Апартман
16.05.2027* 79 € 79 €
23.05.2027* 109 € 109 €
30.05.2027* 149 € 159 €
06.06.2027* 179 € 189 €
13.06.2027 439 € 459 €
20.06.2027 469 € 489 €
27.06.2027 499 € 519 €
04.07.2027 519 € 539 €
11.07.2027 599 € 619 €
18.07.2027 599 € 619 €
25.07.2027 599 € 619 €
01.08.2027 599 € 619 €
08.08.2027 599 € 619 €
15.08.2027 549 € 579 €
22.08.2027 509 € 539 €
29.08.2027* 209 € 229 €
05.09.2027* 179 € 189 €
12.09.2027* 159 € 169 €
19.09.2027* 119 € 119 €

Плаќаат минимум 2 лица, трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете од 2 до 12 години.

Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
Паркирањето вообичаено е на улицата покрај вилата на принцип прво слободно место
АПАРТМАНИТЕ: ИМААТ КРПИ ЗА ЛИЦЕ И КРПИ ЗА ТЕЛО; ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН; ЧИСТЕЊЕ 2 ПАТИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 7 ДЕНА; ПРОМЕНА НА ПОСТЕЛНИНА 2 ПАТИ (ЕДНАШ НА ДОАЃАЊЕ И ЕДНАШ ДОДЕКА ТРАЕ ОДМОРОТ)

Сместувачки капацитети:
Приземје:
Студио бр. Б1 1/4 (4 лица) – Студиото располага со една просторија раздвоена со зидана преграда. Во склопот на истата просторија е кујната. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, шпорет со фурна, аспиратор. Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред, TV и излегува на тераса. На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
Прв кат:
Студио бр. Б6 1/4 (4 лица) – Студиото располага со една просторија раздвоена со зидана преграда. Во склопот на истата просторија е кујната. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, шпорет со фурна и аспиратор. Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред, TV и излегува на тераса. На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
Апартман бр. А9 1/2+1/2 (4 лица) – Апартманот располага со две простории. Во првата просторија има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица, плакар за алишта, ТВ, клима уред и излегува на тераса. Во втората просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, шпорет со фурна и аспиратор. Во кујната има два кревети од кои едниот е стандарден, а другиот е на извлекување од под стандардниот кревет. Од апартманот се излегува на тераса со маса и столици и има поглед према море. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.
Втор кат:
Студио бр. Б13 1/4 (4 лица) – Студиото располага со една просторија раздвоена со зидана преграда. Во склопот на истата просторија е кујната. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, шпорет со фурна и аспиратор. Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред, TV и излегува на тераса. На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и WC.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или апартман и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или апартман;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
– Трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице;
– Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Цените за пакет аранжманите се со вкалкулиран попуст;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ и СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
  • 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ

Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:00 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз. Мак. Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА

ID 031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure

ФОТОГРАФИИ

Download pdf brochure