Tour overview
Вила “KARIDI BEACH APARTMENTS” се наоѓа во мирен дел, речиси на крајот од селцето Вурвуру, на само 350 метри оддалеченост од најбараната плажа Кaridi Beach.
Вилата располага со 1/4 апартман и 2/5 дуплекси,кои се направени пред 2 години.Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со кујнски прибор, апарат за кафе, микробранова, електричен бокал за вода, фрижидери и шпорет. Клима (вклучена во цена), тоалет,фен за коса, пешкири,пегла со даска за пеглање, тераса, сопствен паркинг и голем маслинов двор пред самата вила.
Наша препорака е да се патува со сопствено возило бидејќи во близина на вилата нема ресторани,маркети и продавници. Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на местото,изолиран од гужви.
Координати на Вилата;
|
20% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации до 31.01.2026 (минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2026) |
| ТЕРМИН | НАЕМ | 1/4 Апартман | 1/5 Дуплекс |
| 03.05.2026 | 7 ноќи | 200€ | 250€ |
| 10.05.2026 | 7 ноќи | 230€ | 300€ |
| 17.05.2026 | 7 ноќи | 250€ | 350€ |
| 24.05.2026 | 7 ноќи | 350€ | 400€ |
| 31.05.2026 | 7 ноќи | 390€ | 490€ |
| 07.06.2026 | 7 ноќи | 590€ | 790€ |
| 14.06.2026 | 7 ноќи | 690€ | 890€ |
| 21.06.2026 | 7 ноќи | 790€ | 990€ |
| 28.06.2026 | 7 ноќи | 890€ | 1090€ |
| 05.07.2026 | 7 ноќи | 990€ | 1290€ |
| 12.07.2026 | 7 ноќи | 1190€ | 1390€ |
| 19.07.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 26.07.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 02.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 09.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 16.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 23.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 30.08.2026 | 7 ноќи | 1090€ | 1290€ |
| 06.09.2026 | 7 ноќи | 790€ | 1090€ |
| 13.09.2026 | 7 ноќи | 590€ | 890€ |
| 20.09.2026 | 7 ноќи | 490€ | 590€ |
| 28.09.2026 | 7 ноќи | 350€ | 450€ |
| ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО |
- 1/5 дуплекс – бр.1 – се наоѓа на прв спрат.Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така располага со тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)
- 1/5 дуплекс – бр.2 – се наоѓа на втор спрат. Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)
- 1/4 апартман – бр.3 – се наоѓа на трет кат. Апартманот располага со две големи простории. Има голем брачен кревет во спалната соба и голема дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓаат 2 каучи кои не се спуштаат.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години.
| НАПОМЕНИ |
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние штосе веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица што се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот, кој го издава организаторот на патувањето.
- Преземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на собите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
| ПРЕВОЗ |
- Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
- деца до 12 години 40€ / Еден правец 35€
- Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ID 010
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

