Tour overview
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе. Белград е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт.
Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години.
За Белград велат дека е град на разновидноста, а духот на оваа метропола може да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини.
Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба. Во Белград има места за сечиј вкус.
Термин: 8.12.2025
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
Состанок со групата 01:45 часот на Дрводекор.
Поаѓање за Белград во 02:00 часот.
Поаѓање од Куманово во 02:30 часот од Макпетрол бензинската.
Патување преку граничен премин Табановце со попатни паузи заради одмор и гранични формалности. Пристигнување во Белград околу 8:00 часот.
Слободно време за индивидуален разглед на Белград. Прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Скадарлија, како и неверојатен поглед од Калемегдан.
Во 14:00 часот посета на шопинг центарот Ушќе.
Во 18:00 часот тргнување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 1800 денари |
| Во цената е вклучено: |
- Автобуски превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- Прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Скадарлија;
- Неверојатен поглед од Калемегдан;
- Шопинг во Ušće shopping center;
- Лиценциран пратител во текот на патувањето;
- Организација на патувањетo.
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
- Индивидуални трошоци;
- Патничко осигурувањe.



