Tour overview

Едипсос е мало и фамилијарно место. До плажата можете да стигнете многу лесно, нема многу патеки и кривини. Затоа ова е одлично место за семејства со деца. Можете лесно да возите низ улиците, да паркирате и да се симнете до плажата. Ова место било популарно дури и во античко време, затоа што се верувало дека изворите и термалните води што се наоѓаат тука, лекуваат апсолутно сè. Плажата е мала, а површината е песочна. Можете да користите свој пешкир, а исто така можете да ги користите и лежалките, доколку сакате. Она што најмногу ги привлекува туристите се термалните води кои се наоѓаат под карпите и течат директно во морето.

Вилата „Edipsos Inn“ се наоѓа на околу 180 метри од морето и 250 метри од термалните извори. Во околината има супермаркет, продавници, пекари и ресторани. Сместувачките единици се целосно реновирани (првите гости ги примија во мај 2026) и се наоѓаат на приземје и на трет кат. Вилата има лифт. Располага со двокреветни и трокреветни студија, секое со спален дел, кујна со трпезарија, бања (туш/WC), TV, Wi-Fi и клима уред (користењето не е вклучено во цената и се доплаќа 5 € дневно по сместувачка единица). Пешкирите и постелнината се менуваат на секои 5 дена. Објектот нема сопствен паркинг, но е можно паркирање на улица. Гостите имаат простор за оставање багаж на последниот ден од престојот, како и два тоалети.

Координати на Вилата;

15% ПОПУСТ ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК ДО 01.03.2027
5% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУЛИ И АВГУСТ, СО УПЛАТА ОД 30% ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА И ОСТАТОК НАЈДОЦНА 10 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ
10% ПОПУСТ
ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА

Цените на термините означени со ѕвездичка се промотивни, односно не подлежат на попуст.

За 2 споени термини одобруваме намалување од 25 € по лице (не важи за промо термините).

Термин 1/2 Студио 1/3 Студио
29.05.2027* 150 € 130 €
08.06.2027* 170 € 140 €
18.06.2027 165 € 135 €
28.06.2027 205 € 165 €
08.07.2027 215 € 185 €
18.07.2027 255 € 205 €
28.07.2027 275 € 215 €
07.08.2027 275 € 215 €
17.08.2027 275 € 215 €
27.08.2027 265 € 215 €
06.09.2027* 190 € 170 €
16.09.2027* 170 € 140 €

Цената е по лице за 10 ноќевања, без превоз.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА И ИЗНЕСУВА 5 € ДНЕВНО

Сместувачки капацитети:
1/2 и 1/3 студио – спален дел, кујна со трпезарија, бања (туш/WC), TV, Wi-Fi, клима уред.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 10 ноќевања во студио или апартман во вилата Edipsos Inn;
  • Услуги на претставник на агенцијата во местото на престој;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз;
  • Меѓународно патничко здравствено осигурување;
  • Користење на клима уредот – 5 € дневно (не е задолжително);
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ за студијата и апартманите (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА

– Едно дете до 12 години во заеднички кревет, со минимум две лица што плаќаат цела цена во студио – БЕСПЛАТНО;
– Дете од 2 до 12 години во придружба на две возрасни лица, на посебен лежај, плаќа 70% од цената;
– Две деца до 12 години што користат заеднички лежај – првото дете плаќа 100%, а второто е бесплатно;

ДОПЛАТИ

– Доплата за еднокреветна соба (1/1) е 70% од цената за 1/2 студио во табелата – НА БАРАЊЕ;

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства ) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Превозот не е вклучен во цената – информации за цената на превозот во агенција;

ID079

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ