399€
  • 3 Days
  • Опис
  • Програма

Tour overview

 

1. ДЕН | 31.12.2025 (СРЕДА ) | СКОПЈЕ-БАРИ

Состанок на групата во 14:30 на Скопскиот аеродром. Пристигнуваме во шармантниот град Бари – срцето на регионот Пулија. По трансферот до хотел и сместување, ќе направиме  индувидуална вечерна прошетка низ Бари Векија – старото градско јадро. Ќе ги видиме калдрмисаните улички, локалните жени кои сè уште рачно подготвуваат тестенини пред вратите на своите куќи и полека се спремаме за  новогодишната ноќ, каде улиците на стариот дел на градот оживуваат со музика, светла и насмевки. Главниот плоштад се претвора во голема сцена со настапи на живи бендови, диџеи и спектакуларен огномет над морето.

Додека одбројуваме до полноќ, уживајте во вистинска италијанска атмосфера со шампањ, локални специјалитети и празничен дух кој се чувствува на секој чекор. По полноќ, забавата продолжува во барови и клубови, каде што мештаните и туристите заедно ја слават новата година до раните утрински часови. Ноќевање

2. ДЕН | 01.01.2025 (САБОТА) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ И АЛБЕРОБЕЛО

Појадок. Денот е резервиран за откривање на две од најиконичните места во Пулија: Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви – светско наследство на УНЕСКО,  како и Бари, главниот град на областа Пулија.
Разглед на градот со локален водич ке прошетаме кај  Базиликата на Свети Никола, Катедралата Сан Сабино, стариот дел на градот Bari Vecchia со неговите тесни улички и локална атмосфера, замокот Свево, елегантниот театар Петруцели, прошетката покрај морето на Lungomare Nazario Sauro, како и живите пазари и плоштади исполнети со медитерански шарм и уметнички дух. Слободно време за кафе, ручек, или прошетка по центарот на Бари.

Попладне продолжување кон  Алберобело е волшебно гратче во регионот Апулија, познато по своите уникатни камени куќички со конусни покриви – трули, кои се под заштита на УНЕСКО. Ова бајковито место со белите ѕидови и калдрмисани улички нуди автентична италијанска атмосфера и е едно од најживописните села во јужна Италија. Слободно време.Врачање во Хотел. Ноќевање.

3. ДЕН | 02.01.2025 (НЕДЕЛА) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА | ПОЛИЊАНО А МАРЕ-СКОПЈЕ 

Појадок. Полинјано а Маре, прогласен за најгостопримлив град во светот (2023). Посета на историскиот центар преку Арко Марчезале од 16 век, црквата „Дева Марија од Успение“, прошетка низ еврејскиот кварт и дегустација на локални специјалитети.Враќање во Бари.

Слободно време пред заминување за Скопје

Трансфер до аеродромот во 15:30. Полетување кон Скопје во 18:30.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 €/ 24.738 ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски билет Скопје–Бари–Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг.;
  • Аеродромски такси;
  • Превоз аеродром-хотел-аеродром;
  • 2 ноќевања во хотел во Бари со појадок;
  • Организација и придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Факултативни излети;
  • Trullo Sovrano во  Alberobello: 3 evra по лице (се плаќа на лице место);
  • Туристичка такса.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

АРБЕЛОБЕЛО И БАРИ

Траење: целодневна тура. Вклучува: превоз, придружник/локален водич, слободно време за разглед.

ЦЕНА 70 евра.

 

ПОЛИЊАНО А МАРЕ

Траење: полудневна  тура. Вклучува: превоз, придружник/ ЛОКАЛЕН водич.

ЦЕНА евра.

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 110 ЕВРА ПО ЛИЦЕ.

 

НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници;
  • За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. Балкан експрес травел и СКТМ.

ID0 036

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

 

ФОТОГРАФИИ

СЛИЧНИ ПОНУДИ

ГРЦИЈА – АПАРТМАНИ

Вила ДЕСПИНА | ПЛАТАМОНА | 2026

Вила Деспина се наоѓа во мирен дел од Платамон кон Неи Пори, на околу 100...

Понуда Види повеќе
ГРЦИЈА – АПАРТМАНИ

Вила МЕРИ | ПЛАТАМОНА | 2026

ВИЛА МЕРИ се наоѓа на сама плажа во Платамона. Секоја соба има балкон, комплет опремена кујна...

Понуда Види повеќе
ГРЦИЈА – АПАРТМАНИ

Вила АСТЕРИС | ТОРОНИ | 2026

Вила Астерис е одличен избор за сите кои сакаат да бидат на чекор од песочната...

Понуда Види повеќе