Tour overview

🎉Дочек на Новата 2025 Година во БУКУРЕШТ 🎉

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.

Дали сте спремни за Нова Година 2025 во БУКУРЕШТ? Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Трансилванија. Раскажете една поинаква новогодишна приказна. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН: 28.12.2024 (САБОТА) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ

Собир на групата на паркингот кај Хотел Русија, во 17:30 часот. Поаѓање кон Романија во 18:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

ВТОР ДЕН: 29.12.2024 (НЕДЕЛА) ПЕЛЕШ, БРАН И БРАШОВ

Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Веднаш по пристигнувањето се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.

“Домот на Дракула” бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Тепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати. Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од Теутонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год. Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови.

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 30.12.2024 (ПОНЕДЕЛНИК) ТЕРМАЛНИ БАЊИ

Појадок. Во договорено време со водичот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. За оние кои нема да ги постетат бањите ќе имаат можност за шопинг во трговски центар. Враќање во хотел.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН: 31.12.2024 (ВТОРНИК) БУКУРЕШТ – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА

Појадок. По појадокот се упатуваме кон разглед на градот со водич. Слободно време . Во договорено време со водичот враќање во хотелот во Букурешт.

Вечерта придружување на атмосферата на еден од плоштадите во Букурешт. Дочек на Нова Година 2025 во Букурешт со огнено шоу.

Враќање во хотел.

Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН: 01.12.2025 (СРЕДА) БУКУРЕШТ – СКОПЈЕ

Појадок. Во договорено време со водичот се поаѓа према Македонија.

Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови на 02.01.2024 – ЧЕТВРТОК.

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10.2024: 189€  / 11.718 МКД
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219€ / 13.578 мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Автобуски превоз Скопје – Букурешт – Скопје
  • 3 Ноќевања со појадок во Хотел со 3*
  • Разглед на градот – Букурешт со водич
  • Туристичка такса
  • Пратител во текот на целото патување
  • Организација на Новогодишна Прослава на плоштад со превоз
  • Организиран превоз до трговскиот центар
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
  • Задолжителен факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 70леи за деца 55леи) – и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) возрасни 45€ – студенти 35€
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
  • Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

ID 045

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •                                                                                                                                                                               

ФОТОГРАФИИ