Tour overview
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Цена на аранжманот – 259€/16.058ден
ПРОМО ЦЕНА на аранжманот за резервација до 15.08.2024 – 239€/14.418мкд
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
1. Ден 06.09.2024 СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА |
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Дневно патување со попатни паузи за одморд и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
2. Ден 07.09.2024 ЛУКОВСКА БАЊА |
Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река… Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 08.09.2024 ЛУКОВСКА БАЊА |
Појадок. Слободен ден за релаксација и уживање со користење на велнес содржините на хотелот. Време предвидено за индивидуални прошетки во природа по т.н. Патеки на Здравјето. Вечера. Ноќевање.
4.Ден 09.09.2024 ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ |
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 часот. Заминување за Маедонија во 11.00 часот. Дневно патување со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: |
– Сместување во Хотел Бела Јела 4* на база 3 ноќи (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
– Исхрана на база 3 полупансиони (појадок и вечера шведска маса)
– Исхрана на база 3 полупансиони (појадок и вечера шведска маса)
– Користење на внатрешно-надворешен базен со термо – минерална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауни, топли клупи – тепидариум, релакс зона)
– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич
– Туристичка такса
– Организација и реализација со туристички придржник.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: |
– Задолжително патничко осигурување;
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
Попусти и опционални доплати: |
– Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет гратис плаќа само превоз 35€/2.170ден
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 129€/7.798ден
– Доплата за еднокреветна соба 45€ /2.790ден на цената на аранжманот
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по лице

НАПОМЕНА: |
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.

ID 025
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |