239€
  • 8-ми Декември
  • Опис
  • Програма
  • Фотографии

Tour overview

05.12 – 08.12.26

Луковска Бања – 8 декември – Четиридневен одмор и релаксација во Луковска Бања во Србија, на источните падини на Копаоник, во хотелот Копаоник 3*, со полн пансион, базен со термо-минерална вода и користење на новиот Велнес центар. Организирана прошетка со локален водич по Патеките на здравјето.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Состанок на групата рано наутро во 05:30 часот. Поаѓање за Србија во 06:00 часот преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес центарот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања, во прекрасна природа по таканаречените Патеки на здравјето: Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река… Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Слободен ден за одмор и релаксација со користење на велнес содржините на хотелот. Ручек. Слободно попладне за одмор, со можност за прошетки по Патеките на здравјето по источните падини на Копаоник. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 239 евра (комплетна уплата до 30.10.2026)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • 3 ноќевања во 1/2 соби во хотелот Копаоник 3*;
  • Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера, сет мени);
  • Користење на внатрешно-надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33 до 35 °C;
  • Користење на новиот Велнес центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи – тепидариум);
  • Користење на сала за забава и рекреација;
  • Туристичка такса;
  • Организација и реализација со туристички придружник;
  • Патничко и здравствено осигурување;
  • Индивидуални трошоци (масажи, пијалоци и останати неспоменати услуги);
ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ:
  • Дете од 2 до 5 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: бесплатно во хотел, плаќа само превоз 35 € (на барање);
  • Дете од 5 до 10 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање);
  • Доплата за еднокреветна соба – 45 € (на барање);
  • Доплата за избор на ред на седење во автобусот – 10 € (минимум 2 седишта);
  • Доплата за дополнително седиште во автобусот – 45 €;
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на патувањето се потребни минимум 40 патници;
  • Цените се дадени по лице, за сместување во двокреветна соба со најмалку 2 лица;
  • За резервација е потребна уплата на депозит од најмалку 30%, а доплатата најдоцна до 2 недели пред поаѓање;
  • Седиштата во автобусот се доделуваат според времето на уплата;
  • За патувањето е потребен важечки биометриски пасош или важечка лична карта;
  • Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес

ID025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ