Tour overview
06.12 – 08.12.26
Куршумлиска Бања – 8 декември – Тридневен одмор и релаксација во Куршумлиска Бања во Србија, во хотелот Планинка 4*, со полупансион, базени со термо-минерална вода и користење на Велнес центарот. Индивидуални прошетки по бањските паркови долж Бањска Река.
| ПРВ ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА |
Состанок на групата рано наутро во 05:30 часот. Поаѓање за Србија во 06:00 часот преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во хотелот Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) КУРШУМЛИСКА БАЊА |
Појадок. Ден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ |
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 189 евра (комплетна уплата до 30.10.2026)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
- 2 ноќевања во стандардни соби во хотелот Планинка 4*;
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера, шведска маса);
- Користење на внатрешни и надворешни базени со термо-минерална вода со температура од 33 до 35 °C;
- Секојдневно користење на Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи (тепидариум) и соба за релаксација;
- Користење на сала за забава (пинг-понг и билијард), фитнес сала и детска игротека;
- Туристичка такса;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Патничко и здравствено осигурување;
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги);
| ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ: |
- Дете од 2 до 7 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: бесплатно во хотел, плаќа само превоз 35 € (на барање);
- Дете од 7 до 12 години во придружба на 2 возрасни, на дополнителен кревет: плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање);
- Доплата за еднокреветна соба – 20 € (на барање);
- Доплата за избор на ред на седење во автобусот – 10 € (минимум 2 седишта);
- За реализација на патувањето се потребни минимум 40 патници;
- Цените се дадени по лице, за сместување во двокреветна соба со најмалку 2 лица;
- За резервација е потребна уплата на депозит од најмалку 30%, а доплатата најдоцна до 2 недели пред поаѓање;
- Седиштата во автобусот се доделуваат според времето на уплата;
- За патувањето е потребен важечки биометриски пасош со важност од најмалку 3 месеци пред истек или важечка лична карта;
- Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID025
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |