Tour overview

ХОТЕЛ RIVERSIDE 4* – БАНСКО
ЗИМА 2026/2027

Банско, Бугарија – Хотелот „Riverside“ се наоѓа покрај реката Глазне, во самиот центар на Банско, на неколку минути пеш од главниот плоштад, рестораните и меаните. До гондолата ве носи шатл што е вклучен во цената, па добивате и живот на градот и лесен пристап до стазите.

„Ривер Сајд“ нуди повеќе категории соби – Силвер, Голд, Платинум фамилијарни соби и мезонети на два нивоа, па секој може да најде нешто по своја мера. По скијањето ве чекаат внатрешниот базен, три вида сауни, релакс зоната и фитнесот, а за децата има детски клуб и игротека. Вечерта можете да ја поминете во ресторанот со локални специјалитети или во лоби барот.

ЗОШТО „RIVERSIDE“?
  • Локација во центарот на Банско + шатл до гондолата;
  • Внатрешен базен, 3 вида сауни, релакс зона и фитнес – вклучено во цената;
  • Прво дете до 12.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
  • Бонус ноќевања 7=6, 9=8, 11=10 и 14=12 во цела сезона;
  • Туристичката такса и паркингот се вклучени во цената;
  • Детски клуб и игротека.
РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ
  • 15% попуст за резервации до 31.10.2026;
  • 10% попуст за резервации до 30.11.2026;
  • Бонуси 7=6, 9=8, 11=10 и 14=12 за престој во цела зимска сезона (бесплатната ноќ е од пониската сезона);
  • Попустите за рана резервација се комбинираат со бонусите, но не важат за доплатите за оброци и балкон.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање (еднокреветната соба е цена по соба)
Тип на сместување 01.12–21.12.2026
10.03–31.03.2027
22.12–29.12.2026
04.01–09.03.2027
30.12.2026–03.01.2027
НП ПП НП ПП НП ПП
Двокреветна соба Силвер (2 лица) 53€ 64€ 59€ 70€ 85€ 96€
Двокреветна соба Голд (2+2) / Голд со 3 кревети (3+1) 60€ 72€ 65€ 76€ 105€ 116€
Платинум фамилијарна соба (3+1 / 4+1) 53€ 64€ 69€ 80€ 94€ 105€
Мезонет премиум со балкон (2+2) 55€ 66€ 72€ 83€ 102€ 113€
Мезонет премиум без балкон (2 лица) 53€ 64€ 59€ 70€ 85€ 96€
Еднокреветна соба Силвер – цена по соба 85€ 96€ 94€ 105€ 131€ 143€
Минимален престој 1 ноќевање 2 ноќевања за викенд 3 ноќевања

НП – ноќевање со појадок · ПП – полупансион (појадок и вечера) · На 31.12.2026 може да се резервира само ноќевање со појадок

Попусти за деца и дополнително легло:
  • Дете до 5.99 год. во Голд соба – бесплатно;
  • 1 возрасен + 1 дете до 5.99 год. – се плаќа цена за еднокреветна соба;
  • Прво дете од 6 до 12.99 год. на дополнително легло – бесплатно;
  • Второ дете од 6 до 12.99 год. на дополнително легло – 50% попуст;
  • Дете од 6 до 12.99 год. на редовно легло (во сите типови соби) – 50% попуст;
  • Возрасен на дополнително легло – 20% попуст.
Во цената е вклучено:
  • Ноќевање со појадок или со појадок и вечера (според избраната услуга);
  • Користење на внатрешен базен, релакс зона, 3 вида сауни и фитнес;
  • Шатл до гондолата (според распоред);
  • Детски клуб и игротека;
  • Интернет и паркинг (според достапност);
  • Туристичка такса и осигурување во хотелот.
Во цената не е вклучено:
  • Новогодишна вечера (задолжителна) – 123€ за возрасни, 62€ за деца од 6 до 12.99 год.; за деца до 5.99 год. со посебно место и мени – 34€. На 31.12.2026 нема стандардна вечера;
  • Божиќна вечера на 25.12.2026 (по желба) – 62€ за возрасни, 28€ за деца од 6 до 12.99 год.;
  • Доплата за соба со балкон (Силвер и Голд) – 8€ по соба на ден;
  • Ланч пакет – 14€ за возрасни, 7€ за деца до 12.99 год. на ден;
  • Масажи и спа третмани;
  • Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.

ID004

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:


ФОТОГРАФИИ