Tour overview

Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море, со бујни борови шуми, кристално чисти лазурни води и повеќе од 60 прекрасни плажи. И покрај брзиот развој на туризмот во последните децении, островот е сè уште живописен и недопрен. Тука ќе најдете песочни плажи, уникатни кафулиња и барови и таверни со свежа морска храна.

Најголем дел од брегот, долг 44 километри, е прекриен со раскошни плажи, а плажата Лаларија треба да биде прва на листата места што мора да ги посетите. Бродските тури околу Скијатос и до соседниот остров Скопелос ќе ви овозможат да го доживеете островот во целост.

Студијата „Alkmene Studios“ се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти, на 5 минути пешачење од пристаништето на Скијатос. Најблиската плажа е на 400 метри, а автобуската станица за другите плажи на островот е на 100 метри.

Координати на Вилата;

Термин Ноќевање 1/2 Студио 1/2 Студио бр. 1 (без кујна)
20.05.2027 7 145 € 86 € 125 € 86 €
27.05.2027 7 165 € 138 € 145 € 128 €
03.06.2027 7 191 € 158 € 171 € 148 €
10.06.2027 7 218 € 160 € 200 € 150 €
17.06.2027 7 244 € 204 € /
24.06.2027 7 263 € 219 € 243 € 209 €
01.07.2027 7 289 € 240 € 269 € 230 €
08.07.2027 7 329 € 273 € 309 € 263 €
15.07.2027 7 329 € 273 € 309 € 263 €
22.07.2027 7 329 € 273 € 309 € 263 €
29.07.2027 7 329 € 273 € 309 € 263 €
05.08.2027 7 329 € 273 € 329 € 273 €
12.08.2027 7 329 € 273 € 309 € 263 €
19.08.2027 7 329 € 273 € 309 € 263 €
26.08.2027 7 263 € 219 € 243 € 209 €
02.09.2027 7 237 € 196 € 217 € 186 €
09.09.2027 7 197 € 164 € 177 € 154 €
16.09.2027 7 170 € 142 € 150 € 132 €
23.09.2027 7 144 € 86 € 124 € 86 €

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА (8 ДЕНА), СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО ВОЛОС И НАЗАД

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

СТУДИЈАТА СЕ НОВО РЕНОВИРАНИ И ЦЕЛОСНО ОПРЕМЕНИ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ СЕ ДОПЛАЌА 7 € ДНЕВНО НА ЛИЦЕ МЕСТО (НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
СМЕСТУВАЊЕ ПОСЛЕ 14:00, А НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ ДО 09:00 ЧАСОТ (ЛОКАЛНО ВРЕМЕ)

Сместувачки капацитети:
Двокреветни студија (1/2), со два единечни или еден брачен кревет, ново реновирани и целосно опремени: сопствена бања, кујна, фрижидер и клима уред;
Студио бр. 1 нема кујна, има само прибор за храна, и е со пониска цена;
Во сите студија има пешкири.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања (8 дена) во Alkmene Studios;
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје;
  • Туристички придружник за време на патувањето;
  • Претставник на агенцијата за време на престојот;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Траект на релација Волос – Скијатос – Волос – 55 € по лице (задолжително, се плаќа во автобусот);
  • Користење на клима уредот – 7 € дневно (не е задолжително, се плаќа на лице место);
  • Туристичка такса – 14 € по студио за 7 ноќевања (задолжително, се плаќа кај сопствениците);
  • Патничко осигурување;
  • Факултативни излети;
НАПОМЕНИ

– Термините се од четврток до четврток, со поаѓање секоја среда навечер; часот на поаѓање се дефинира според распоредот на траектот;
– Прецртаните цени се редовни, а другите се промотивни;
– Доплата за еднокреветна соба: +50% од редовната цена;
– Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 70% од редовната цена;
– За споен термин: 15 € помалку за превоз и 10% попуст на вториот термин по редовни цени (не важи за промо цените);
– Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат;
– Кујните во студијата се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат самите гости;
– Кај промо цените не се одбива за превоз доколку патникот патува со сопствен превоз;
– Патниците минимум 24 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот; депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патникот;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на легла);
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;

ПРЕВОЗ
  • Автобускиот превоз до Волос и назад е вклучен во цената;
  • Траект Волос – Скијатос – Волос – 55 € по лице (задолжително, се плаќа во автобусот);
  • Организиран трансфер од Прилеп и Битола – 20 € по лице во еден правец;

ID019

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ