Tour overview
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта, забавни паркови, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Во местото има супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата „Аврамидис“ е убава, стандардно опремена вила и се наоѓа на 100 метри од плажа. Секое студио и апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли, купатило и WC, спална соба, тераса, ТВ, клима уред и wi-fi конекција.
Координати на Вилата;
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 27.08; 03.09; 10.09 и 17.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ ДУПЛЕКС ЗА 7 НОЌИ.
Цените за пакет аранжманите (означени со *) се со веќе вкалкулиран попуст.
| Термин | Студио 1/2 бр. 5, 6 | Студио 1/3 бр. 2, 3 | Студио 1/4 страничен поглед море бр. 1, 7 | Дуплекс страничен поглед море бр. 4 (макс. 4 лица) |
| 14.05.2027* | 69 € | 69 € | 79 € | 89 € |
| 21.05.2027* | 79 € | 89 € | 99 € | 119 € |
| 28.05.2027* | 129 € | 129 € | 139 € | 149 € |
| 04.06.2027* | 139 € | 149 € | 169 € | 189 € |
| 11.06.2027 | 409 € | 439 € | 459 € | 499 € |
| 18.06.2027 | 439 € | 469 € | 489 € | 549 € |
| 25.06.2027 | 479 € | 499 € | 529 € | 599 € |
| 02.07.2027 | 499 € | 539 € | 559 € | 639 € |
| 09.07.2027 | 519 € | 549 € | 569 € | 659 € |
| 16.07.2027 | 529 € | 589 € | 639 € | 679 € |
| 23.07.2027 | 529 € | 589 € | 639 € | 679 € |
| 30.07.2027 | 529 € | 589 € | 639 € | 679 € |
| 06.08.2027 | 529 € | 589 € | 639 € | 679 € |
| 13.08.2027 | 529 € | 589 € | 639 € | 679 € |
| 20.08.2027 | 519 € | 549 € | 569 € | 639 € |
| 27.08.2027* | 249 € | 259 € | 269 € | 299 € |
| 03.09.2027* | 159 € | 179 € | 189 € | 229 € |
| 10.09.2027* | 139 € | 159 € | 169 € | 189 € |
| 17.09.2027* | 109 € | 109 € | 119 € | 129 € |
Плаќаат минимум 2 лица, трето, четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години.
Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
СТУДИЈАТА И ДУПЛЕКСОТ: ИМААТ КРПИ; ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН
Сместувачки капацитети:
I кат
СТУДИО БР. 1 (1/4) – 4 лица – Студиото располага со два поединечни кревети стандардни за спиење и еден поединечен кревет со кревет на извлекување под поединечниот. Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици и има страничен поглед на море. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 2 (1/3) – 3 лица – Студиото располага со три поединечни кревети стандардни за спиење за три лица, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 3 (1/3) – 3 лица – Студиото располага со три поединечни кревети стандардни за спиење за три лица, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
ДУПЛЕКС БР. 4 (1/2+1/2) – 4 лица – Дуплексот е составен од две спални соби + кујна + купатило со WC + две тераси. Во првата спална соба има два поединечни кревети, ТВ, клима уред, плакар за алишта и излегува на тераса со страничен поглед на море. Втората спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта, клима уред и излегува на тераса. Кујната е опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли. Дуплексот располага со стандардно купатило и WC.
II кат
СТУДИО БР. 5 (1/2) – 2 лица – Студиото располага со дупол кревет стандарден за спиење на две лица, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 6 (1/2) – 2 лица – Студиото располага со два поединечни кревети стандардни за спиење на две лица, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 7 (1/4) – 4 лица – Студиото располага со два поединечни кревети стандардни за спиење и еден поединечен кревет со кревет на извлекување под поединечниот. Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, решо со две рингли, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици и има страничен поглед на море. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или дуплекс и автобуски превоз;
- Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или дуплекс;
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Превоз за термините за наем;
- Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
| УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ |
– За пакет аранжманот во СТУДИО или ДУПЛЕКС потребни се минимум 2 лица;
– Трето, четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице;
– Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| НАПОМЕНИ |
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Цените за пакет аранжманите се со вкалкулиран попуст;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКСОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
| ПРЕВОЗ |
- 60 € за возрасни – повратна карта;
- 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
- 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
- 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
- Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
- Доплата за трансфер: БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА; ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА
| МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ |
Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:00 часот наутро |
| Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија бенз. Мак. Оил | 04:30 часот наутро |
| Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ОД БИТОЛА
ID 031
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |




