Tour overview
Неи Пори е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија. На оддалеченост од 160 км од границата Пресвета Богородица – Гевгелија, ова туристичко место е релативно блиску, а сепак нуди нешто повеќе за туристите. Широките плажи со ситен песок, булеварите и пространите улици, уредените паркови, цркви, многубројните таверни, долгото шеталиште, модерните вили и хотели го карактеризираат Неи Пори како дестинација на која се навраќате повторно и повторно. Медитеранската клима затскриена во пазувите на планината Олимп го прави идеалното летувалиште што може природата да го соедини. Многу кафетерии, слаткарници, гиро ресторани, ресторани со тематски содржини и детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.
Вилата „Mary“ се наоѓа во Неи Пори, на 200 метри од плажа. Располага со трокреветни и четворокреветни студија и петкреветни и шестокреветни апартмани. Сите се опремени со кујни, купатило со WC, ТВ, клима уред и балкони со маса и столици. Сите соби имаат ТВ и клима уред, која се доплаќа 6 € од ноќ.
Координати на Вилата;
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (15.05; 22.05; 29.05; 05.06; 28.08; 04.09; 11.09 и 18.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.
Цените за пакет аранжманите (означени со *) се со веќе вкалкулиран попуст.
| Термин | 1/3 Студио бр. 305, 306 |
1/4 Студио бр. 302 |
1/3+1/2 Апартман бр. 304 |
1/3+1/3 Апартман бр. 301, 303 |
| 15.05.2027* | 63 € | 63 € | 63 € | 63 € |
| 22.05.2027* | 69 € | 69 € | 69 € | 69 € |
| 29.05.2027* | 99 € | 109 € | 119 € | 129 € |
| 05.06.2027* | 129 € | 139 € | 149 € | 159 € |
| 12.06.2027 | 379 € | 389 € | 449 € | 499 € |
| 19.06.2027 | 399 € | 439 € | 469 € | 509 € |
| 26.06.2027 | 429 € | 469 € | 499 € | 549 € |
| 03.07.2027 | 469 € | 489 € | 519 € | 609 € |
| 10.07.2027 | 499 € | 539 € | 569 € | 629 € |
| 17.07.2027 | 519 € | 559 € | 589 € | 639 € |
| 24.07.2027 | 529 € | 569 € | 599 € | 679 € |
| 31.07.2027 | 529 € | 569 € | 599 € | 679 € |
| 07.08.2027 | 529 € | 569 € | 599 € | 679 € |
| 14.08.2027 | 519 € | 539 € | 579 € | 629 € |
| 21.08.2027 | 479 € | 499 € | 539 € | 589 € |
| 28.08.2027* | 239 € | 249 € | 259 € | 269 € |
| 04.09.2027* | 149 € | 159 € | 169 € | 179 € |
| 11.09.2027* | 119 € | 129 € | 139 € | 149 € |
| 18.09.2027* | 99 € | 109 € | 119 € | 119 € |
Плаќаат минимум 2 лица, трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете од 2 до 12 години.
Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
КЛИМА СЕ ДОПЛАЌА 6 €, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ПАРКИНГ СЛОБОДЕН НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ НЕМААТ КРПИ, ИМААТ САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
Сместувачки капацитети:
АПАРТМАН БР. 301 (1/3+1+1/2) 6 лица – Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со врата. Во едната спална соба има еден брачен кревет, еден поединечен кревет и кревет на спуштање, клима уред, ТВ + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, електричен шпорет, голем фрижидер. Во другата спална соба има брачен кревет, плакар за алишта. Се излегува на тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 302 (1/4) 4 лица – Студиото располага со еден брачен и два поединечни кревети. Во склопот на собата е кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има решо со две рингли, аспиратор и голем фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
АПАРТМАН БР. 303 (1/3)+(1/3) 6 лица – Апартманот располага со две спални соби + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар. Во едната спална соба има брачен кревет и поединечен кревет, плакар за алишта, ТВ, клима и излегува на тераса со маса и столици. Втората спална соба има еден брачен кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта и излегува на истата тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и WC.
АПАРТМАН БР. 304 (1/3)+(1/2) 5 лица – Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со врата. Во едната спална соба има еден брачен кревет, еден поединечен кревет, клима уред, ТВ + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, електрично решо, голем фрижидер. Во другата спална соба има брачен кревет, плакар за алишта. И од едната и од другата спална соба се излегува на тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 305 (1/3) 3 лица – Студиото располага со еден брачен кревет и еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и голем фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
СТУДИО БР. 306 (1/3) 3 лица – Студиото располага со еден брачен кревет и еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната, која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и голем фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
| ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА |
- Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или апартман и автобуски превоз;
- Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или апартман;
| ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА |
- Превоз за термините за наем;
- Користење на клима уред – 6 €;
- Туристичка такса – 2 € од ноќ за студијата и апартманите (се плаќа во агенција);
- Индивидуални и останати трошоци на патникот;
| УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ |
– За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
– Трето, четврто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, доплаќаат само превоз доколку користат 60 € за возрасен или 40 € за дете до 12 години;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице;
– Сите патници, вклучувајќи ги децата и бебињата, се бројат во максималниот капацитет на собата. Децата може да користат кревет за возрасни во рамките на тој капацитет.
| НАПОМЕНИ |
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Цените за пакет аранжманите се со вкалкулиран попуст;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
| ПРЕВОЗ |
- 60 € за возрасни – повратна карта;
- 40 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
- 20 € (доплата за избор на прв ред седиште);
- 10 € (доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште);
- Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
- Доплата за трансфер: Битола до Неготино 30 € по лице – повратна карта; Прилеп до Неготино 25 € по лице – повратна карта.
| МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ |
Деновите дадени во табелата се денови на поаѓање од:
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:00 часот наутро |
| Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија, бенз. Мак Оил | 04:30 часот наутро |
| Кочани | Основен суд | 03:15 часот наутро |
| Штип | Нова пошта | 04:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта – Шимов | 06:00 часот наутро |
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР: 25 € ПО ЛИЦЕ ОД ПРИЛЕП И 30 € ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА
ID031
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |

