Tour overview
Possidi Holidays Resort & Suites се наоѓа на работ на борова шума, покрај прекрасна песочна плажа на западниот брег на полуостровот Касандра, на само 20 метри од хотелската плажа. Комплексот располага со повеќе од 120 соби и апартмани, распоредени во бунгалови на падината зад главната зграда, каде се рецепцијата, ресторанот, отворениот базен и таверната, а до бунгаловите води надворешен лифт. Гостите имаат на располагање уредена плажа со лежалки и чадори (минимална потрошувачка 10 евра по возрасен), ресторан со шведска маса и а ла карт ресторан, барови, детски базен и детско игралиште, вечерна анимација, теретана, одбојка на песок, пинг-понг, водени спортови, третмани за тело и лице и мини-маркет. Далеку од гужвата на живите места на Касандра, хотелот нуди вистински мир и одмор. Селото Посиди е на 3 км, а аеродромот во Солун на 95 км.
Координати до „Possidi Holidays Resort & Suites“.
| ЦЕНИ И СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ ЗА ЛЕТО 2027 |
- Типови сместување: Standard Room (Garden/Sea View), Superior Sea View Room, Family Room (Mountain/Sea View), Junior Suite Sea View, Executive Suite Sea View, Two Bedroom Family Suite Sea View;
- Хотелот располага и со соби за 4 возрасни лица (на барање);
- Попустите за деца и автобускиот превоз ги добивате на телефон;
- Туристичката такса се плаќа на рецепција.
Важат Општите услови за патување на ТА Балкан експрес травел и СКТМ.
ID063
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |