Tour overview

Вила „Themis“ или хотел „Themis“  има одлична локација во градот Едипсос. На 150 м од плажа и на 5 минути пешачење до термалните извори.  Располага со 18 реновирани соби (16 двокреветни и 2 трокреветни) сите со кујна и 2 соби двокреветни (ЕКО) без кујна со поглед кон градина. Кујните се комплетно опремени и содржат (чинии, чаши, тенџере, ѓезве за кафе, шолји, прибор за јадење, лагер, отварач, сад за салата итн).

Координати на вилата „Themis“.

20% ПОПУСТ НА СИТЕ ТЕРМИНИ за резервации со комплетни уплати до 15.03.2025
ТЕРМИН НОЌЕВАЊА СТУДИО 1/2 ECO +автобус и траект
(цена по лице)
СТУДИО 1/2 +автобус и траект

(цена по лице)

СТУДИО 1/3 +автобус и траект

(цена по лице)

16.05.2026 7 119 129 146
23.05.2026 7 129 142 162
30.05.2026 7 131 106 121
06.06.2026 7 139 159  184
13.06.2026 7 159 185 216
20.06.2026 7 159 185 216
27.06.2026  7 165 193 227
04.07.2026  7 175 202 238
11.07.2026  7 179 211 249
18.07.2026  7 185 219 259
25.07.2026  7 185 219 259
01.08.2026  7 185 219 259
08.08.2026  7 185 219 259
15.08.2026  7 179 211 249
22.08.2026  7 169 202 238
29.08.2026  7 165 193 227
05.09.2026  7 159 155  182
12.09.2026  7 120 141 164
19.09.2026  7 129 151 173
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Цените од табелата се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1. ДЕН | ПОАЃАЊЕ

Состанок на групата еден ден порано во 22:30. Поаѓање кон Едипсос во 23:00. Кај Глифа се качуваме на траект. за околу 30 минути пристигнуваме на островот Евија кај местото Агиос Кампос на 17 км од Едипсос. Пристигнување и сместување во Едипсос.

2. 3. 4. 5. 6. и 7.  ДЕН | ЕДИПСОС

Одмор и рекреација. Уживање во морето, сонцето и термалните води на Едипсос. Препорачуваме прошетки по шеталиштето, посета на таверни со традиционална грчка кујна и релаксација во природните извори покрај морето.

Во текот на престојот, патниците имаат можност да изберат и учествуваат во некој од следните факултативни излети:

  • Посета на Атина – целодневна екскурзија со водич. Разглед на Акропол, Партенон, плоштадот Синтагма, смената на стражата и шопинг во квартот Плака;
  • Посета на островот Скијатос – автентично морско искуство со брод и капење на познатата плажа Koukounaries, една од најубавите во Грција;
  • Посета на грчките Сејшели – Лихадонисија – излет со бродче до волшебните вулкански островчиња со тиркизна вода и песочни плажи, идеални за капење и релаксација.
8. ДЕН | 

Напуштање на собите во 08:00 часот. Поаѓање кон Скопје со кратки попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
  • Автобуски превоз Скопје-Едипсос-Скопје;
  • Сместување во студио 7 ноќи;
  • Траект повратна карта Глифа-Агиос Камос-Глифа;
  • Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
  • Туристичка такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот).
НАПОМЕНИ: 
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитетите да ги објави и продаде слободните капацитети по „last minute“ цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување;
  • Кујните во сите студиjа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења;
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори;
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот;
  • Превоз од  Скопје/ Велес/ Неготино/ Смоквице / Гевгелија;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување;
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж;
  • Попустите за ран букинг НЕ се комбинираат со други попусти;
  • За овој аранжман важат Општите услови на патување и правните напомени на Балкан експрес травел.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год.;
  • Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

ID 025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ