Tour overview

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Координати на вила „Алекс“.

5% попуст за резервација до 30.04.2026 и целосна уплата до 30.05.2026

Термин Ноќевања 1/3 студио  1/3 студио SV 1/3+1 приземје 
30.05 – 06.06.2026 7 99 109 109
06.06 – 13.06.2026 7 159 179 179
13.06 – 20.06.2026 7 239 259 259
20.06 – 27.06.2026 7 279 289 289
27.06 – 04.07.2026 7 359 369 369
04.07 – 11.07.2026 7 399 409 409
11.07 – 18.07.2026 7 429 439 439
18.07 – 25.07.2026 7 429 439 439
25.07 – 01.08.2026 7 429 439 439
01.08 – 08.08.2026 7 429 439 439
08.08 – 15.08.2026 7 429 439 439
15.08 – 22.08.2026 7 399 409 409
22.08 – 29.08.2026 7 359 369 369
29.08 – 05.09.2026 7 289 299 299
05.09 – 12.09.2026 7 229 249 249
12.09 – 19.09.2026 7 129 149 149
19.09 – 26.09.2026 7 109 119 119

Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;

Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 21 ден пред поаѓање;

За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

НАПОМЕНИ
  • Патниците имаат можност за доплата за појадок (шведска маса) по цена од 10 евра на ден по лице.
  • Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата „Blue Diamond Beach“ и „Maestro Beach“, кои се во сопственост на вила Ујвара, но се оддалечени 1400-1500 метри од вилата, по цена од 10 евра за две лежалки и чадор на ден.
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите;
  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти;
  • ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ПРЕВОЗ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНО!
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО

Студио број 1
1/3 студио на прв кат со страничен поглед на море

Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, страничен поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.

Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио број 2
1/3 – Студио на прв кат со поглед на море

Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.

Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио 3
1/3 – Студио на прв кат со поглед на море

Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.

Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио 4
1/3 студио на прв кат со страничен поглед на море

Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, страничен поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.

Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио 5

1/3+1 – Студио на приземје

Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + двосед кој не се пушта, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.

Максимален капацитет: 3 возрасни  + 1 дете до 11,99  + 1 дете до 5,99 години.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

ШТО ИНТЕРЕСНО МОЖЕТЕ ДА ПРАВИТЕ КОГА СТЕ НА ОДМОР ВО КСАМИЛ?

Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!

Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!

Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.

Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.

Посетете ја плажата „Pema e Тhate“, една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил

Посетете го „Syri & Kalter“ (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.

ID048

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:
Download pdf brochure