Tour overview

Вилата „Ilaktida“ е нов, модерен објект сместен во централниот дел на Торони, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Благодарение на својата одлична локација и современ изглед, оваа вила е еден од најпродаваните и најбараните објекти во Торони. Со пријатен двор, мирна атмосфера и целосна опременост, претставува идеален избор за сите што сакаат квалитетно и удобно сместување покрај море. „Ilaktida“ се наоѓа во центарот на Торони, на само 2 минути пешачење од плажата и во непосредна близина на сите потребни содржини – таверни, маркети, пекари, кафулиња и продавници.

Објектот располага со модерни трокреветни студија. Секое студио е уредено со вкус и функционално опремено, и располага со:

  • еден брачен и еден единечен кревет;
  • клима-уред (бесплатно);
  • телевизор со рамен екран;
  • Wi-Fi интернет (бесплатно);
  • кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот;
  • приватен тоалет со туш;
  • балкон со маса и столови и комарник.

Вилата има прекрасно уреден двор со зеленило, скара (BBQ) на располагање за гостите и сопствен паркинг. Овие погодности овозможуваат пријатен престој и одмор во опуштена и домашна атмосфера.

Координати до вилата „Ilaktida“.

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА СТУДИО 1/3 (НАЕМ)
17.05.2026 7 199
24.05.2026 7 249
31.05.2026 7 339
07.06.2026 7 409
14.06.2026 7 535
21.06.2026 7 545
28.06.2026  7 545
05.07.2026  7 599
12.07.2026  7 609
19.07.2026  7 659
26.07.2026  7 659
02.08.2026  7 699
09.08.2026  7 699
16.08.2026  7 659
23.08.2026  7 599
30.08.2026  7 409
06.09.2026  7 399
13.09.2026  7 249
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Сместување во студио или апартман за 7 ноќи.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Превоз до избраниот објект во Грција;
  • Задолжително патничко осигурување;
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци;
  • Турситичка такса 2 евра по соба од ноќ.
НАПОМЕНИ: 
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  • Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитетите да ги објави и продаде слободните капацитети по цени за „last minute“ при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена;
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување;
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења;
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори;
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот;
  • Превоз од  Скопје/ Велес/ Неготино/ Смоквице/ Гевгелија;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување;
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж;
  • Попустите за ран букинг НЕ се комбинираат со други попусти;
  • За овој аранжман важат Општите услови на патување и Правните напомени на Балкан експрес травел.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.

Доплата за превоз:

  • Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра;
  • Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра;
  • Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра.

* Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)

ID 025

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ