Tour overview

Солун е град што важи за еден од најубавите во цела Грција, а доказ за тоа е големиот број прошетки, кои ги прават нашите Македонци. Еден од најозборуваните градови во далечната историја кој во 20-тите години од минатиот век е целосно обновен. Голем број улици, паркови, трговски центри, стари автентични куќи, сето ова прави Солун да е рамо до рамо со најпознатите светски метрополи. Минатото и сегашноста се судираат во градските таверни, ресторани, луксузни барови и клубови. Преполни улици и кафулиња, Солун е секогаш добра идеја, зарем не?

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

ЕДНОДНЕВНА ШОПИНГ ТУРА ВО СОЛУН

Поаѓање:  3:00 часот

Враќање: 18 часот (по локално време)

Поаѓање од: Скопје (Дрводекор) – 03:00 ч.

Состанок со групата на Дрводекор во 2:45 часот. Поаѓање за Солун во 03:00 часот. Се патува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун во утринските часови. Слободно време за прошетка низ центарот. Во 14:00 часот по локално време заминување за посета на Cosmos и IKEA. Поаѓање за Скопје во 18:00 часот по локално време (17:00 по мкд). Попатна пауза за посета на Free Shop. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 1300 денари
Во цената е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадена релација;
  • Посета на центарот на Солун;
  • Посета на Cosmos и IKEA.
Во цената не е вклучено:
  • Патничко осигурување
Напомени:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред патувањето.
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 300 ден. по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот што претходно не можат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места).
  • За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Балкан експрес травел.

ID 039

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: