Tour overview

Населбата Неа Плагиа е споена со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во Вила Плагиа

-Користење на клима

Што не е вклучено во цената

-Доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ од апартман (Се плаќа во агенција)
-Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

СМЕСТУВАЊЕ

Апартман бр.1

Апартман бр.1 е наменет за 4 лица, на  80 метри од плажа. Има еден брачен кревет во едната соба, плус 2 единечни кревети во другата соба. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената. Станот се наоѓа на прв кат и има 2 тераси. Една напред и една назад.

Апартман бр.2

Апартман бр.2 е наменет за 4-5 лица на 80 метри од плажа. Има еден брачен кревет во едната соба, плус една софа кревет во другата соба. Можност за еден дополнителен кревет. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената. Станот се наоѓа на прв кат и има голема тераса напред и мала тераса назад.

Апартман бр.3

За 4-5 лица. 80 метри од плажа. Има еден брачен кревет во едната соба, плус една софа во другата соба. Можност за еден дополнителен  кревет на спуштање . Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената. Станот се наоѓа на прв кат и има голема тераса напред и мала тераса позади.

Датуми Апартман 1/4 – прв спрат апп бр.1 Апартман 1/4+1 – прв спрат апп бр.2 Апартман 1/4+1 – апартман бр.3 прв спрат
18.05.2025 – 25.05.2025 311 € 321 € 311 €
25.05.2025 – 01.06.2025 321 € 332 € 321 €
01.06.2025 – 08.06.2025 385 € 396 € 385 €
08.06.2025 – 15.06.2025 396 € 418 € 396 €
15.06.2025 – 22.06.2025 503 € 546 € 503 €
22.06.2025 – 29.06.2025 513 € 556 € 513 €
29.06.2025 – 06.07.2025 535 € полно полно
06.07.2025 – 13.07.2025 556 € полно полно
13.07.2025 – 20.07.2025 578 € полно полно
20.07.2025 – 27.07.2025 599 € полно полно
27.07.2025 – 03.08.2025 599 € полно полно
03.08.2025 – 10.08.2025 599 € полно полно
10.08.2025 – 17.08.2025 599 € полно 599 €
17.08.2025 – 24.08.2025 578 € 663 € 578 €
24.08.2025 – 31.08.2025 546 € 631 € 546 €
31.08.2025 – 07.09.2025 449 € 492 € 449 €
07.09.2025 – 14.09.2025 396 € 428 € 396 €
14.09.2025 – 21.09.2025 364 € 364 € 364 €
21.09.2025 – 28.09.2025 289 € 289 € 289 €
ВАЖНО

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 2 евра по апартман на ден и се плаќа во агенција.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Балкан Експрес Травел

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.