Tour overview
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови. Лежи на брегот на реката Влтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела (Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата. Основан е во 9-от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Беджих Сметана, Антонин Дворжак, Франц Кафка, а низ неговите улици шетале и Моцарт, Ајнштајн и Никола Тесла. Во 1992 година центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.
| СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА |
| ПРВ ДЕН: 12.02.2026 СКОПЈЕ – ПРАГА |
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 09:30ч. Поаѓање на автобусот во 10:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
| ВТОР ДЕН: 13.02.2026 ПРАГА |
Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава .Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 14.02.2026 ПРАГА – ДРЕЗДЕН |
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 15.02.2026 ПРАГА – ВИЕНА |
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан … Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
| ПЕТТИ ДЕН: 16.02.2026 СКОПЈЕ |
Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови ( во зависност од граничните премини).
| ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179€/11.100 Ден |
Цена по лице за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага
- Организација и водство на програмата
- Посета и разглед на Виена
- Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
- Задолжително патничко осигурување 250 ден
- Разглед на Прага со локален водич и слушалки (20€)
- Крстарење со брод по Влтава (25€)
- Целодневна посета на Дрезден (превоз, локален водич, слушалки (50€)
- Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во агенција
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за седиште по избор (20€)
- Доплата за дополнително седиште (150€)
- Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден
| НАПОМЕНИ: |
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
ID002
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |

