Tour overview
| КАН – СЕНТ ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО – АНТИБ – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО – МОНАКО |
Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ: |
| 1 ДЕН 07.10.2025 СКОПЈЕ: |
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
| 2 ДЕН 08.10.2025 КАН: |
Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината.. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел.
Ноќевање.
| 3 ДЕН 09.10.2025 КАН – СВ. МАРГАРИТА КРСТАРЕЊЕ – СЕНТ ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО: |
По појадокот препорачуваме Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан, – Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња – Човекот со железна маска… тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малкович, Жерар Депардје, а потоа препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи (Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата… Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел.
Ноќевање.
| 4 ДЕН 10.10.2025 АНТИБ – НИЦА: |
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и потоа посета на кралицата на Азурниот брег – Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани, несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур) продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан.
Ноќевање.
| 5 ДЕН 11.10.2025 КАН – ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ |
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако (влезница 20 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
| 6 ДЕН 12.10.2025 СКОПЈЕ |
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| РЕДОВНА ЦЕНА: 289€ / 17.920 МКД |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
– Сместување во хотел Hotel Ibis Styles во Кан, на база 3 ноќевања со појадок,
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;
– Разглед на Кан/Ница;
– Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
| Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: |
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд (цената важи за лица до 60 години)
- Туристичка такса во Кан (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Задолжителна посета на Монако, последниот ден (40€) се плаќа во агенција
- Посета на Ст. Тропе (50€)
- Посета на Ница и Антиб(50€)
- Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (40€)
- Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан (брод + влезница за музејот)- (35€)
| НАПОМЕНИ: |
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Ст. Тропе+Ница и Антиб+Монте Карло + Крстарење Св. Маргарита- 160€
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за празно седиште 150€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓањеID 002




