Tour overview

Вила “ISI Lux се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет.
Структура и распоред на студија и апартмани: 1/3 студија и /2+1/ апартман со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби 2+2 за 4 лица (брачен во двете спални) на I-ви кат. Студијата се на високо приземје и I-ви кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата доколку има слободен паркинг или на 50м од вилата има паркинг. Ви посакуваме пријатен престој.

Координати: 40.191784, 23.334865

ТЕРМИН НОЌИ 1/3 Студио
30.05.2026* 7 175€
06.06.2026* 7 215€
13.06.2026* 7 255€
20.06.2026* 7 305€
27.06.2026 7 565€
04.07.2026 7 605€
11.07.2026 7 655€
18.07.2026 7 715€
25.07.2026 7 715€
01.08.2026 7 715€
08.08.2026 7 715€
15.08.2026 7 715€
22.08.2026 7 655€
29.08.2026* 7 325€
05.09.2026* 7 285€
12.09.2026* 7 235€
19.09.2026* 7 185€
НАПОМЕНИ: 
  • –  Цените СО * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените БЕЗ * за 7 ноќи/8 дена се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
  • –  Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица во термините по лице со превоз;
  • –  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
  • –  Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТНИ!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (СО *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).

                   ID009

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
Download pdf brochure