Tour overview
ХОТЕЛ ICEBERG 4* – БОРОВЕЦ
ЗИМА 2026/2027 |
Боровец, Бугарија – Хотелот „Iceberg“ се наоѓа во близина на почетната станица на гондолата во Боровец, па стазите ви се на дофат секое утро. Хотелот нуди двокреветни и трокреветни соби, како и апартмани со две спални, што го прави одличен избор и за парови и за поголеми семејства.
„Ајсберг“ е познат по поволните услови за децата: дете до 11.99 години што спие во двокреветна соба со двајца возрасни престојува бесплатно. По скијањето ве чекаат затоплениот внатрешен базен, сауната и фитнесот со Technogym опрема, а вечерта ја поминувате во ресторанот со бугарска и европска кујна, во лоби барот или во Карипскиот бар покрај базенот.
- Дете до 11.99 год. со 2 возрасни во двокреветна соба – бесплатно;
- Близу до гондолата;
- Затоплен внатрешен базен, сауна и фитнес – вклучено во цената;
- Апартмани со 2 спални за до 5 лица;
- Бонус 5=4 од недела до четврток во цела сезона;
- Туристичката такса и паркингот се вклучени во цената.
| РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА И БОНУСИ |
- 5% попуст за резервации до 31.10.2026, со 30% уплата до 15.11.2026 – важи за цела сезона, вклучувајќи ги доплатите за вечера и празничните вечери;
- Бонус 7=6 за пристигнувања 01.12–20.12.2026 и 08.03–11.04.2027 (важи и за доплатата за вечера);
- Бонус 5=4 за престој од недела до четврток во сите периоди (важи и за доплатата за вечера);
- Бонусите не се комбинираат со попустот за рана резервација и не важат за државни празници.
ЦЕНОВНИК ЗИМА 2026/2027
Цените се по лице за 1 ноќевање на база НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК (еднокреветната соба е цена по соба) |
| Тип на сместување |
01.12–20.12.2026
08.03–11.04.2027 |
04.01–28.01.2027
26.02–07.03.2027 |
21.12–27.12.2026
29.01–25.02.2027 |
28.12.2026–03.01.2027 |
| Двокреветна соба (2+1 дете) |
52€ |
58€ |
64€ |
83€ |
| Трокреветна соба (3 лица) |
44€ |
48€ |
54€ |
68€ |
| Апартман со 2 спални (4+1 дете) |
47€ |
55€ |
59€ |
74€ |
| Еднокреветна соба |
78€ |
89€ |
98€ |
128€ |
| Попусти за деца и дополнително легло: |
- Двокреветна соба: дете до 4.99 год. – бесплатно; дете од 5 до 11.99 год. со 2 возрасни – бесплатно; прво и второ дете од 5 до 11.99 год. со 1 возрасен – 35% попуст;
- Трокреветна соба: 1 дете од 5 до 11.99 год. со 2 возрасни – 30% попуст; 2 деца со 1 возрасен – првото полна цена, второто 50% попуст;
- Апартман со 2 спални: 2 возрасни + 2 деца – второто дете 50% попуст; 2 возрасни + 3 деца – второто 50% попуст, третото бесплатно; 3 возрасни + 1 дете – 50% попуст; 3 возрасни + 2 деца – првото 50% попуст, второто бесплатно; 4 возрасни + 1 дете – бесплатно.
- Ноќевање со појадок;
- Користење на базен, фитнес и сауна;
- Паркинг и сеф на рецепција (според достапност);
- Интернет;
- Туристичка такса.
- Доплата за вечера – 28€ за возрасни, 15€ за деца од 5 до 11.99 год. на ден (деца до 4.99 год. бесплатно);
- Божиќна вечера на 25.12.2026 – 89€ за возрасни, 50€ за деца од 5 до 11.99 год. (деца до 4.99 год. бесплатно);
- Новогодишна вечера на 31.12.2026 – 111€ за возрасни, 56€ за деца од 5 до 11.99 год. (деца до 4.99 год. бесплатно);
- Божиќната и новогодишната вечера се задолжителни за резервации на полупансион;
- Масажи;
- Сè она што не е наведено во „Во цената е вклучено“.
ID004
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |
Download pdf brochure