149€
  • Опис
  • Локација

Tour overview

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
ПРВ ДЕН 02.05.2024

Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч.Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 03.05.2024

Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот. Разглед на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 04.05.2024

Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 05.05.2024

Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ПЕТИ ДЕН 06.05.2024

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

FIRST MINUTE ЦЕНА: 149€ / 9.238,00 МКД ДО 29.02.2024
ПРОМО ЦЕНА: 159€ / 9.858,00 МКД 
РЕДОВНА ЦЕНА: 189€ / 18.718,00 МКД
Во цената на аранжманот е вклучено:

–          Превоз на наведената релација

–          2 ноќевања со појадок во 3* хотел во околината на Краков

–          Организација и придружник на патувањето

–          Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

–          Разглед на Краков со локален водич – 15 евра

–          Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau – 40 евра

–          Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka – 35 евра

–          Задолжителна туристичка такса 2,5€ по лице по ноќевање

–          Патничко осигурување – 5 евра

 

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

–           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

         За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Балкан Експрес Травел

                          ID 039

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.

СЛИЧНИ ПОНУДИ

ГРЦИЈА – АПАРТМАНИ

Вила ДЕСПИНА | ПЛАТАМОНА | 2026

Вила Деспина се наоѓа во мирен дел од Платамон кон Неи Пори, на околу 100...

Понуда Види повеќе
ГРЦИЈА – АПАРТМАНИ

Вила МЕРИ | ПЛАТАМОНА | 2026

ВИЛА МЕРИ се наоѓа на сама плажа во Платамона. Секоја соба има балкон, комплет опремена кујна...

Понуда Види повеќе
ГРЦИЈА – АПАРТМАНИ

Вила АСТЕРИС | ТОРОНИ | 2026

Вила Астерис е одличен избор за сите кои сакаат да бидат на чекор од песочната...

Понуда Види повеќе