Tour overview

Вила „Litca” е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 70 метри од плажата. Вилата располага со приземје и три ката. Апартманот е на трет кат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет,купатило, дневна соба со два единечни кревети и софа (тросед) на пуштање во истата просторија е кујната (опремена со голем фрижидер и шпорет со рерна), тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
Туристичката такса се плаќа во вилата – 2 евра од ноќ.

Координати на Вилата;

10% на термини во мај и јуни за резервација и 50% уплата до 28.02.2026

Попустот НЕ важи за промо цeните!

Цени за наем на апартман

ТЕРМИН
НОЌИ 1/5 АПП.
23.05.2026 7 140 €
30.05.2026 7 205 €
06.06.2026 7 310 €
13.06.2026 7 410 €
20.06.2026 7 470 €
27.06.2026 7 520 €
04.07.2026 7 620 €
11.07.2026 7 670 €
18.07.2026 7 670 €
25.07.2026 7 690 €
01.08.2026 7 690 €
08.08.2026 7 690 €
15.08.2026 7 670 €
22.08.2026 7 670 €
29.08.2026 7 620 €
05.09.2026 7 420 €
12.09.2026 7 320 €
19.09.2026 7 200 €

 

• Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
• За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

• 3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)
• За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)
• Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 УСЛОВИ ПОД КОИ ВАЖИ АРАНЖМАНОТ:

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
– Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
– Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
– За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување
на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
– Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на
истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање
на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да
влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се
наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното,
агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се
наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да
извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Туристичката агенција „Балкан Експрес Травел“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на
капацитетите наведени во оваа понуда.
– Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е
вклучено во цената.
– Т.А. „Балкан Експрес Травел“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во
кој-било објект од целата понуда
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute
понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во
цената.
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да
обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во
т.а. „Балкан Експрес Травел“ и на самата агенција.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и „Балкан Експрес Травел“.

ЗА НАШИТЕ ПАТНИЦИ ШТО НЕ СЕ ОД СКОПЈЕ:

Сакате да патувате со нас, а ве загрижува фактот дека нашата агенција се наоѓа во Скопје. Нема никаков проблем околу тоа. Како што работевме досега, така продолжуваме и понатаму. Со патниците коишто не живеат или не се наоѓаат во Скопје ние комуницираме преку фејсбук месенџерот, вајбер или инстаграм. Вашите пасоши коишто ни се потребни за склучување на договорот ни ги праќате во директна порака на фејсбук со еден клик ОВДЕ, а ние во истата порака ви го испраќаме потпишан и скениран договорот и ваучерот. Што се однесува до упатата? Истата можете да ја извршите во најблиската пошта или банка на следнава жиро сметка: (ЕВРОТО СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО 62 ДЕНАРИ).

НАЈДОБРОНАМЕРЕН СОВЕТ:

НАПОМЕНА: Не чекајте го послединот ден за да го искористите попустот за рана резервација бидејќи истиот може да се прекине и порано поради распродажба на капацитетите и тоа токму за периодот кој што Вас Ве интересира.


НАШИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ
(Кликнете на сликата подолу, ќе Ве однесе на нашиот профил)

 

НАШИОТ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ

ID 04

ID 043

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004
Download pdf brochure