Состанок на групата рано наутро во 05:30 часот. Поаѓање за Србија во 06:00 часот преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотелот Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето, па информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на љубовта, изворот Топла вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел и слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
| ВТОР ДЕН: 06.12.2026 (НЕДЕЛА) ВРЊАЧКА БАЊА |
Појадок. Слободен ден за одмор, релаксација во Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки и разглед низ Врњачка Бања. Ноќевање.
| ТРЕТ ДЕН: 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА |
Појадок. Можност за факултативна посета на манастирот Жича (10 €). Манастирот потекнува од првата половина на XIII век и е познат по тоа што во него бил крунисан Стефан Првовенчани, првиот крал на Србија. Внатрешноста на црквата е украсена со фрески од раниот XIII век, од таканаречената Златна доба на српското сликарство. Манастирот е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, со можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
| ЧЕТВРТ ДЕН: 08.12.2026 (ВТОРНИК) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ |
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето за заминување. Во договорено време, со водичот на групата, заминување кон Македонија преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 179 евра (комплетна уплата до 30.10.2026)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
- 3 ноќевања со појадок во хотелот Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања, во супериор соби;
- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања;
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центарот на хотелот;
- Wi-Fi интернет на јавни површини и во собите;
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Патничко и здравствено осигурување;
- Туристичка такса – 5 € по лице за 3 ноќевања (се плаќа во агенција);
- Факултативна посета на манастирот Жича – 10 € (се плаќа на лице место);
- Вечера – опционална доплата од 15 € по лице за ноќ;
| ПОПУСТИ И ОПЦИОНАЛНИ ДОПЛАТИ: |
- Дете до 6,99 години во придружба на 2 возрасни: бесплатно во хотел (без сопствено легло), плаќа само превоз 35 €;
- Доплата за еднокреветна соба – 60 €;
За реализација на факултативната посета потребни се минимум 20 патници.
- Цените се дадени по лице, за сместување во соба со најмалку 2 лица;
- За резервација е потребна уплата на депозит од најмалку 30%, а доплатата најдоцна до 2 недели пред поаѓање;
- Седиштата во автобусот се доделуваат според времето на уплата;
- За патувањето е потребен важечки биометриски пасош или важечка лична карта;
- Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID025
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |