Tour overview

На само 220 км оддалеченост, Ставрос е живописно крајбрежно место во северна Грција, сместено на источниот брег на Стримонскиот залив. Името Ставрос потекнува од грчкиот збор „Σταυρός“ што значи „крст“, тоа е симбол со длабоко духовно и историско значење, кој упатува на силната православна традиција на ова подрачје. Ставрос е опкружен со природна убавина и е во близина на планината Холомондас, која нуди зелени пејзажи, чист воздух и многу пријатна клима. Морето овде е мирно, плитко и исклучително чисто. Токму оваа комбинација од планина и море го прави Ставрос особено привлечен за семејства, но и за сите што бараат спокоен одмор. Овде има долги песочни уредени плажи, а некои од нив се носители на сино знаменце што гарантира квалитет на водата и висок еколошки стандард. Шеталиштето е исполнето со кафулиња, традиционални грчки таверни и мали продавници со локални производи.

Вилата „Литакис – студио“ е убаво опремена вила и се наоѓа на 70 метри од плажа. Секое студио има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, купатило и ВЦ, спална соба, тераса, ТВ, клима уред и вифи конекција.

Локација на вилата „Литакис“.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (24.05; 31.05; 07.06; 06.09; 13.09 и 20.09.2026)
ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН/ СТУДИО ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕТО КЛИМА УРЕД СЕ ДОПЛАЌА 5 € ОД НОЌ ОД СТУДИО ( WIFI  Е БЕСПЛАТНО)

  1. Вонсезонски цени
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Термин Ноќевања Студио 1/2

Бр.6

Студио 1/3

Бр. 1, 3, 4

Студио 1/4
Бр. 5
Студио 1/4
Бр. 2
15.05.2026 7 69 79 79 79
22.05.2026* 7 79 99 109 99
29.05.2026* 7 99 109 119 109
05.06.2026* 7 119 129 149 129
  1. Сезонски цени
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз
Термин Ноќевања Студио 1/2

Бр. 6

Студио 1/3

Бр. 1, 3, 4

Студио 1/4
Бр. 5
Студио 1/4
Бр. 2
12.06.2026 7 349 369 389 369
19.06.2026 7 359 379 399 379
26.06.2026 7 379 399 419 399
03.07.2026 7 399 419 439 419
10.07.2026 7 439 459 479 459
17.07.2026 7 469 4898 499 489
24.07.2026 7 499 519 549 519
31.07.2026 7 499 519 549 519
07.08.2026 7 479 499 519 499
14.08.2026 7 459 479 499 479
21.08.2026 7 439 459 479 459
28.08.2026 7 329 349 369 349
  1. Вонсезонски цени
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
Термин Ноќевања Студио 1/2

Бр.6

Студио 1/3

Бр. 1, 3, 4

Студио 1/4
Бр. 5
Студио 1/4
Бр. 2
04.09.2026* 7 139 149 159 149
11.09.2026* 7 119 139 139 139
18.09.2026* 7 99 119 119 119
  • За пакет аранжман во СТУДИО потребни се минимум 2 лица;
  • Трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат: 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
  • Дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице.
ИНФО ЗА СМЕСТУВАЊЕТО

СТУДИО  БР. 1 (1/3) – 3 лица

Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет. Вкупно во студиото можат да престојуваат три лица. Во склоп на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Од собата се излегува на тераса со маса и столови. Прозорците имаат комарници и ролетни. Студиото располага со стандардно купатило и ВЦ.

СТУДИО  БР. 2 (1/4) – 4 лица

Студиото располага со еден дупли кревет и два поединечни кревети. Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица ,плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столови. Прозорците имаат комарници и ролетни. Тоалетот се наоѓа веднаш до собата посебно одвоен .

СТУДИО  БР. 3 (1/3) – 3 лица

Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет. Вкупно во студиото можат да престојуваат три лица. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли плакар за алишта, ТВ, клима уред .Од собата се излегува на тераса со маса и столови. Прозорците имаат комарници и ролетни. Студиото располага со стандардно купатило и ВЦ.

СТУДИО  БР. 4 (1/3) – 3 лица

Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет Вкупно во студиото можат да престојуваат три лица. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли плакар за алишта, ТВ, клима уред. Од собата се излегува на тераса со маса и столици со поглед на море во далечина. Прозорите имаат комарници и ролетни .Студиото располага со стандардно купатило и ВЦ.

СТУДИО  БР. 5 (1/4) – 4 лица

Студиото располага со еден дупли кревет и два поединечни кревети. Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица, плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столици со поглед на море во далечина. Прозорите имаат комарници и ролетни .Студиото располага со стандардно купатило и ВЦ.

СТУДИО БР. 6 (1/2) – 2 лица

Студиото располага со еден дупли кревет Вкупно во студиото можат да престојуваат две лица има плакар за алишта, ТВ, клима уред. Во склопот на истата соба одвоена со ѕитче има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли. Од собата се излегува на тераса со маса и столици со поглед на море во далечина. Прозорите имаат комарници и ролетни .Студиото располага со стандардно купатило и ВЦ.

НАПОМЕНИ

За пакет аранжманот во СТУДИО  потребни се минимум 2 лица;

  • Трето, четврто, петто, шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
  • Доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02–12 години;
  • Дете до 02 години не плаќа (бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • Да патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице.

*Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште.

  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
  • Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со sвездичка;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21) пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените  (зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
  • Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
  • Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).Студијата имаат крпи и тоалетна хартија и сапун.
ПРЕВОЗ

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 50 € за возрасни – повратна карта
  • 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • 20 € за прв ред на седиште
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бензинска пумпа Мак.Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

ID031

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ