Tour overview
Вилата “URANIA“ лоцирана е во центарот на градот во Парга со прекрасен страничен поглед кон море од терасите. Лоцирана е веднаш до стариот музеј за производство на маслиново масло. Од плажа е оддалечена 300 метри. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, клима уред и тв и тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место. Во близина на вилата има и паркинг со доплата.
Координати на Вилата;
| ТЕРМИН | НОЌЕВАЊЕ | 1/2+1 Студио |
| 23.05.2026 | 7 | 199€ |
| 30.05.2026 | 7 | 269€ |
| 06.06.2026 | 7 | 319€ |
| 13.06.2026 | 7 | 399€ |
| 20.06.2026 | 7 | 479€ |
| 27.06.2026 | 9 | 599€ |
| 06.07.2026 | 9 | 699€ |
| 15.07.2026 | 9 | 789€ |
| 24.07.2026 | 9 | 799€ |
| 02.08.2026 | 9 | 799€ |
| 11.08.2026 | 9 | 799€ |
| 20.08.2026 | 9 | 789€ |
| 29.08.2026 | 7 | 559€ |
| 05.09.2026 | 7 | 479€ |
| 12.09.2026 | 7 | 399€ |
| 19.09.2026 | 7 | 339€ |
| ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ |
Прв кат:
АПАРТМАН БР.1 (1/2+1) 2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.
АПАРТМАН БР.2 (1/2+1) 2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.
Во апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со претходно одобрување и доплата од 10 евра од ноќ, може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.
| НАПОМЕНИ |
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
| ПРЕВОЗ |
- 70 € за возрасни – повратна карта
- 50€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
- 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
- 20 € за прв ред на седиште
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ID 031
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004 |
| ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ: |

