Tour overview
06.12 / 13.12 / 20.12 / 27.12.2026
Трикала и Метеори – Еднодневно патување до Трикала, градот со најпознатата работилница на Дедо Мраз и најголемиот божиќен парк, со посета на Метеори – манастирите изградени на врвовите на карпите.
| ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО |
| ЕДНОДНЕВНО ПАТУВАЊЕ (НЕДЕЛА): МЕТЕОРИ – ТРИКАЛА |
Термини: 06.12, 13.12, 20.12 и 27.12.2026 (недела)
Поаѓање:
- Штип – во 04:00 часот, пред Нова пошта;
- Радовиш – во 04:30 часот, бензинска пумпа Лукоил;
- Струмица – во 05:00 часот, бензинска пумпа Макпетрол на влезот во Струмица (кај кружниот тек);
- Валандово – во 05:30 часот, бензинска пумпа Гама Оил;
- Гевгелија – во 06:00 часот, граничен премин Богородица.
Пристигнување во Метеори и посета на најголемиот и највисокиот од шесте манастири, изградени на врвовите на карпите – вистинско чудо на природата. Слободно време по договор. Потоа патување кон Трикала (околу 30 минути) и посета на најпознатата работилница на Дедо Мраз и најголемиот божиќен парк – амбиент што нема да ве остави рамнодушни. Поаѓање кон Македонија околу 18:00 часот, со посета на Free Shop и кратка пауза на враќање. Пристигнување околу полноќ.
| ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 1.699 денари
Деца од 2 до 10 години: 1.499 денари | Деца до 2 години: БЕСПЛАТНО |
| Во цената на аранжманот е вклучено: |
- Превоз со високотуристички автобус или минибус на дадената релација;
- Посета на Метеори и Трикала;
- Посета на фабриката за икони и злато во Калабака;
| Во цената на аранжманот не е вклучено: |
- Патничко и здравствено осигурување;
- Влезница за манастирот во Метеори – 5 € (се плаќа на лице место);
| НАПОМЕНИ: |
За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 патници.
- Цените се дадени по лице;
- За резервација е потребна уплата на депозит од најмалку 30%, а доплатата најдоцна 21 ден пред поаѓање;
- Седиштата во автобусот се доделуваат според времето на уплата;
- За патувањето е потребен важечки биометриски пасош или важечка лична карта;
- Организаторот може да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓањето ако нема доволен број пријавени;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Балкан Експрес
ID009

