Tour overview

Санторини е познат како еден од најатрактивните грчки острови по својата визуелност – со своите вулкани и бели куќички поставени наспроти живописното сино море, не е тешко да се разбере зошто. Без разлика дали сте заинтересирани за фотографирање или едноставно само Ве воодушевуваат прекрасните погледи, Санторини ќе Ве натера да воздивнете на секој агол. Бели sидови, коцкасти куќички, цркви со сини кровови и улици со калдрма го прават островот скоро како од бајка! Очигледно комбинацијата на бела и сина боја си има своја симболика. Белата боја ја претставува пената на брановите на Егејското Море додека пак сината боја го претставува грчкото небо. Во главниот град Фира има само три пата надолу до пристаништето и повторно враќање назад: со жичара, одење нагоре надолу стотици скали или со магаре. Дури и ако одлучите да не ја направите оваа мала екскурзија, скалите се насекаде: често нерамни и сите на различни висинa и должинa.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
ПРВ ДЕН 10.10.2024

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

ВТОР ДЕН 11.10.2024

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување. Препорачуваме посета на Пиргос, највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички…. ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина (една од петте на островот). Враќање во хотел.  Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 12.10.2024

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа. Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио… Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 13.10.2024

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневнитечасови. Слободно време за краток одмор.  Предлагаме  факултативна посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце на светот. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 14.10.2024

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.  Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден на 15 Октомври.

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.09.2024 269€/ 16.680 денари 
РЕДОВНА ЦЕНА: 299€/ 18.540 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:

– превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје

– трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа

– трансфер пристаниште – хотел – пристаниште

– 3 ноќевања со појадок  во хотел со 3* во Периса

-организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

Факултатувни излети и програми

– Oia (Иа), залез на сонце – 20€

– Full day Santorini – 50€ (превоз + водич)

– Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич) – 50€

– Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) – 30€

–  Посета на Пиргос 15€

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 150 Еур по лице

– еднокреветна соба 4.200 денари

– задолжително патничко осигурување 300 денари

– Туристичка такса ( 6 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

– Доплата за седиште по избор 20€

– Доплата задополнително седиште 150€

 

Напомена:
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според СКТМ.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

НАШИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ
(Кликнете на сликата подолу, ќе Ве однесе на нашиот профил)

 

НАШИОТ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ

                                                      ID002

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
  •