Tour overview
Бечиќи е познато летувалиште, кое се наоѓа на 4 км од центарот на Будва. Карактеристично е по долгата и широка песочна плажа од скоро 2 км. Бечиќи е центарот на туризмот и во овој дел се наоѓаат најголемите луксузни хотели, има огромен број ресторани и кафулиња. Шеталиштето во Бечиќи ќе ве однесе директно во Стариот град во Будва.
ВИЛА ПАЛМА – БЕЧИЌИ
Вила „Палма“ се наоѓа на 250 м од плажа, во непосредна близина на хотелот „Бела Виста“. Вилата располага со 1/2 и 1/3 соби, како и 1/3 и 1/4 студија. Студијата се со мини кујна, сопствено купатило, клима, ТВ и тераса. Собите се со сопствено купатило, клима, ТВ, фрижидер и тераса. Во вилата се наоѓа и ресторанот „Палма“, каде што гостите од вилата имаат појадок и вечера. Исхраната е континентална (избор од неколку јадења). Вилата нема сопствен паркинг. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА СО УПЛАТА ОД 50% ДО 31.12.2026 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01.03.2027:
20% ПОПУСТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО 1/3 И 1/4 СОБИ
10% ПОПУСТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО 1/2 СОБИ |
| Термин |
Цена по лице |
| 13.06 – 20.06.2027 |
290 € |
| 20.06 – 27.06.2027 |
310 € |
| 27.06 – 04.07.2027 |
330 € |
| 04.07 – 11.07.2027 |
350 € |
| 11.07 – 18.07.2027 |
370 € |
| 18.07 – 25.07.2027 |
390 € |
| 25.07 – 01.08.2027 |
400 € |
| 01.08 – 08.08.2027 |
400 € |
| 08.08 – 15.08.2027 |
390 € |
| 15.08 – 22.08.2027 |
370 € |
| 22.08 – 29.08.2027 |
350 € |
| 29.08 – 05.09.2027 |
330 € |
| 05.09 – 12.09.2027 |
310 € |
| 12.09 – 19.09.2027 |
290 € |
Цените се по лице, за пакет аранжман: 7 полупансиони (појадок и вечера), со вклучен превоз.
- Прво дете до 12 години – попуст од 50% од цената на аранжманот;
- Второ дете до 12 години – попуст од 50% од цената на аранжманот, за сместување во 1/4 соба;
- Второ дете до 12 години – попуст од 70% од цената на аранжманот, за сместување во 1/3 соба;
- Лица над 12 години – попуст од 20%;
- Дете до 5 години што не користи кревет и храна – гратис (доплата за превоз 25 €);
- Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица;
- Намалување за патување со сопствен превоз – 10 €.
- 7 полупансиони (појадок и вечера) во вила Палма;
- Превоз со автобус или минибус;
- Користење на клима уредот;
- Туристичка такса – 1 € дневно по лице;
- Патничко здравствено осигурување;
- Избор на седиште: 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2);
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 денари).
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Сместувањето на првиот ден е по 14 часот, а одјавувањето на последниот ден е во 9 часот.
- Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија, а не се селектирани по едно студио.
- Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, а гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
- Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот и евентуално по барање на гостинот, доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
- Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при што се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени што се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата што го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
- За резервација по редовна цена, 30% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21 ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата објавена во општите услови за патување.
- Во случај на отказ на аранжман што е со попуст за рана уплата, 50% од сумата е неповратна, а вториот дел од 50% се задржува согласно скалата објавена во општите услови за патување.
- Поаѓање за Црна Гора: Скопје, „Борис Трајковски“ – 05:00 часот.
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона, можни се определени доцнења, за кои однапред се извинуваме.
- Доколку патникот сака да бира седиште, се доплаќа 10 € во правец (освен седиштата 1 и 2).
ID 051
| ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ! |
| РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004. |