Tour overview

Неа Врасна се наоѓа во Стримонскиот залив, карактеристична е по долгата песочна плажа, убавото море, многубројните таверни, ресторани и забавни паркови за најмалите. Мирниот одмор и долгите прошетки до Асправалта или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе што ја сакаат прошетката со долги разговори. На оддалеченост од 60 км од Солун, Неа Врасна е дестинација за фамилијарен опуштен одмор, каде што на само неколку стотици метри имате Lidl и Masoutis.

Вилата „Марија“ е нова вила во нашата понуда, на оддалеченост од само 100 метри од море. Располага со еден апартман до 8 лица, со две посебни соби, посебна кујна, посебна трпезарија и едно купатило, и со студио за две лица со голема тераса, од која се гледа целата Неа Врасна. Сите соби имаат клима, ТВ и интернет.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (16.05; 23.05; 30.05; 05.09; 12.09 и 19.09.2027) ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ. ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.

Термин 1/2 Студио 1/4+1/3 Дуплекс
16.05.2027* 99 € 4 х 99 €
23.05.2027* 129 € 4 х 119 €
30.05.2027* 139 € 4 х 129 €
06.06.2027 289 € 689 €
13.06.2027 309 € 759 €
20.06.2027 329 € 849 €
27.06.2027 349 € 929 €
04.07.2027 369 € 989 €
11.07.2027 409 € 989 €
18.07.2027 429 € 989 €
25.07.2027 429 € 989 €
01.08.2027 429 € 989 €
08.08.2027 429 € 989 €
15.08.2027 429 € 989 €
22.08.2027 429 € 929 €
29.08.2027 369 € 849 €
05.09.2027* 189 € 4 х 179 €
12.09.2027* 179 € 4 х 169 €
19.09.2027* 149 € 4 х 139 €

За пакет аранжманот во студиото потребни се минимум 2 лица. Во дуплекс апартманот плаќаат 4 лица, а петтото, шестото и седмото лице доплаќаат по 60 €.

ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕД И WI-FI Е БЕСПЛАТНО

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Пакет аранжман (термини со *): 7 ноќевања во студио или апартман и автобуски превоз;
  • Наем (термини без *): 7 ноќевања во студио или апартман;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
  • Превоз за термините за наем;
  • Туристичка такса – 2 € од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Индивидуални и останати трошоци на патникот;
УСЛОВИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ

– За пакет аранжманот во СТУДИО потребни се минимум 2 лица;
– Во дуплекс апартманот плаќаат 4 лица (пакет аранжман), а петтото, шестото и седмото лице доплаќаат по 60 €;
– Дете до 2 години не плаќа (бесплатно), не користи седиште во автобус;
– За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.);
– Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета);
– Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници, изнесува 930 денари (15 €), додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

ПРЕВОЗ
  • 60 € за возрасни – повратна карта;
  • 50 € за деца до 12 години – повратна карта;
  • 50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
  • 10 € за бирање на седиште во превозното средство, освен прв ред на седишта;
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште;
  • Патници што користат само превоз без аранжман – 60 € повратен билет.

ID013

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.
ЗАСЛЕДЕТЕ НЀ:

ФОТОГРАФИИ