Tour overview

Октоберфест е најголемиот светски Фолксфест, со фестивал на пивото и патувачки карневал, и се одржува секоја година во Минхен, Баварија, од средината или крајот на септември до првата недела во октомври, со повеќе од шест милиони меѓународни и национални посетители кои присуствуваат на настан. Локално се нарекува d’Wiesn, по колоквијалното име за саемот, Theresienwiese. Октоберфест е важен дел од локалната култура, кој се одржува од 1810 година.

ПРВ ДЕН 27.09 СКОПЈЕ – САЛЦБУРГ

Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 11:30.Чекирање и царински формалности. Полетување од Скопје за Салцбург  во 13:15 со лет број W475 на Wizzair. Пристигнување во Салцбург 15:05 часот. По обврските на пасошка контрола и царински формалности ,со трансфер се упатуваме кон Салцбург. Сместување во хотел. Разгледување на градот заштитен под УНЕСКО, градот на класичната музика: Стариот град, паркот на дворецот Мирабел, родната куќа на Волфган Амадеус Моцарт, Катедралата. Слободна вечер.

Ноќевање.

ВТОР ДЕН 28.09 САЛЦБУРГ – МИНХЕН

Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање за Минхен. Пристигње во хотел и сместување. Предвидена е факултатитвна  прошетка низ центарот на градот – пешачка тура: Катедралата, Мариен Плац, Ратхаус – старото и новото градско собрание, црквата Св. Петар – најстарата црква во Минхен. Попладне е предивидена посета на пивофестот –Октоберфест – најпознатите пивари под отворени шатори и дружење со најдобрите и најпознатите пива, до вечерните часови. Вечерта враќање вo хотел.

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 29.09 ОЛИМПИСКО СЕЛО И АЛИАНЦ АРЕНА

Појадок. Факултативна посета на Олимпискиото село и посета на BMW музејот. Турата продолжува со посета на посета на Alianz Arena со влез во внатрешноста на стадионот и фан шопот на Bayern Munich. Слободно попладене за прошетка во центарот на Минхен или Englischen Garten и посета на Октоберфест.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 30.09. МИНХЕН – САЛЦБУРГ – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Салцбург. Полетување за Скопје во 15:40Пристигнување во Македонија во 17:25 часот

ПРОМО ЦЕНА ДО 15.09.2024: 449€ / 27,838 денари
РЕДОВНА ЦЕНА: 489€ / 30,318 денари

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски билет на релација Скопје-Салцбург-Скопје со рачен багаж 10кг;
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Салцбург;
  • 2 ноќевања со појадок во Минхен;
  • Трансфери од аеродром до хотелите и назад;
  • Разглед на Салцбург;
  • Организација на патувањето со придружник;

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Чекиран багаж ( за цена дополнително во консултација со агенцијата);
  • Влезница за куќата на Моцарт во Салцбург;
  • Влезница за BMW музејот;
  • Влезница во Алианц Арена;
  • Туристичка такса во хотелите;
  • Патничко осигурување;

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници;
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници;
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ;

ID018

ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ НА 02/2443-555, 02/2453-555, 078/280-004.

ФОТОГРАФИИ